ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.12.2023
(Галерија) Штипска компанија празнично ги разубави објектите на своите клиенти
Во пресрет на новогодишните празници штипска компанија успеа да ја донесе новогодишната еуфорија во повеќе згради низ Штип. Компанијата е станбен управител на повеќе згради, а за време на празниците одлучиле да ангажираат уметник кој ќе ги разубави влезовите на зградите преку новогишни детали.
Го прашавме сопственикот Блажо Ѓорѓиевски од каде идејата за ваков убав гест кон станарите на зградите, а тој објасни дека идејата ја добиле од интернет, целта им било да го разубават денот на граѓаните и да измамат насмевка на нивните лица.
Еден ден, додека шетавме низ нашиот град, забележавме дека нешто недостасува. Градот беше жив, но недостасуваше боја и радост што ги носат празниците. Тогаш наидовме на неколку уникатни слики на влезни врати на станбени згради објавени на интернет. Тие слики ги носеа насмевките на лицата на станарите и минувачите, додавајќи малку боја и радост во нивниот секојдневен живот, па решивме тоа да го примениме и кај нас, вели Ѓоргевски.
Тие се одлучиле да разубават згради за кои самата нивна агенција се грижи и ги управува. Според самата агенција, тие се надеваат дека овој гест ќе влијае да се подигне новогдишниот дух во самите згради и меѓу самите станари.

Компанијата го ангажирала штипскиот уметник Ристе Мицевски

Користевме различни техники, вклучувајќи акрилни бои, спрејови и други материјали кои ја доловуваат визуелната разновидност на сликите за кој беше задолжен нашиот штипски уметник Ристе Мицевски кој ја создаде целата магија. Сликите шират позитивна енергија и љубов кон заедницата, поттикнувајќи не’ нас да гледаме со оптимизам во иднината, вели Ѓоргевски.
Станарите биле воодушевени и изненадени, со што уште еднаш се докажува дека мали гестови можат да донесат голема радост.

Реакциите беа неверојатни. Луѓето ги споделуваа сликите на социјалните мрежи, а минувачите се застануваа да се диват на уметноста. Сфативме дека не само што ги разубавивме зградите кои се под наше управување, туку донесовме малку празнична магија во нашиот град.

После позитивниот одзив од станарите агенцијата Идеал Логистик велат дека и во иднина ќе продолжат со оваа иницијатива, а уште од сега имаат нови идеи за догодина.


500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Млади волонтери организираат хуманитарни концерти, работат со социјално загрозени и лица со интелектуална попреченост, а придонесуваат и за почиста околина во Штип