ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.03.2022
(Галерија)Отворена изложба на студентите од Ликовната академија на УГД

Студентите од ликовната академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска ги изложија своите слики и скулптури во Уметничката галерија Безистен во Штип на изложба насловена „15 години УГД – 10 Години Ликовна Академија.

„Изложени се дела на студентите на ликовната акдемија од студиската програма по Класично сликарство и вајарство. Поводот е 15 години од формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ и 10 години од формирање на катедрата по Класично сликарство“, изјави деканката на Ликовната академија проф. Д-р Катарина Деспот.

Професорката Јана Јакимовска изјави дека станува збор за студентски дела кои се собрани во изминатите 10 години и се дела со кои академијата се гордее.

Започна електронското аплицирање за упис на УГД
Студентите од ФМН мереа шеќер и крвен притисок по повод 16 години УГД