М-р Христијан Николовски од катедрата за етнокореологија на Музичката академија при УГД – Штип е редовно вработен како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ во Скопје и ангажиран како насловен доцент на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев “ Штип. Тој на своите и идните студенти им порачува неколку совети за да си го олеснат учењето , но и раскажува за своите студентски денови.
Според Николовски, мотото по кое сите студенти треба да се водат и кој тој самиот го користи за секојдневна мотивација е „успехот е резултат на трудот и работата“. Рецептот за успех се состои од желба, работа, упорност, реалност и никогаш откажување од својата цел.
Она што го водело доцентот во текот на неговите четири годишни студии на прв циклус на студиската програма по Етнокорологија и едногодишни студии на втор циклус на студиската програма по Етнокореологија е желбата и целта за вистинско запознавање на традиционалната култура.
„Уште како дете бев во водите на фолклорот и како што поминуваа годините сфатив дека еден ден професионално ќе се занимавам со тоа. Единствена таква прилика за професионална и стручна надоградба видов во студиската програма по Етнокореологија со соодветен стручен кадар која опфаќа повеќе полиња, како што се Етнокореологија, Етномузикологија и Народни инструменти.“, вели Николовски.
„Поготово во уметноста мораме да нагласиме дека теоријата без праксата нема значење и аргументи. Да се биде уметник мора да се познава сцената и чувството на сцената. Како плод на катедарата за етнокореологија во 2012 година е формиран и Ансамблот Македонија во кој студентите на катедрата за Етнокореологија во своето четиригодишно студирање преку концертните активости во Македонија и странство ја исполнуваат својата практична настава предвидена во студиската програма.“, вели Николовски.
Љубенка е прогласена за нај-студент на 2022 – еве ги советите од неа до сите студенти
За личност која му помогнала во развојот на својата кариера, Николовски го издвојува проф. д-р Владимир Јаневски, кој исто така е и основоположник на катедрата за Етнокореологија на Музичката Академија, при „УГД“ – Штип. Зборовите „Сакајте ја и почитувајте ја традицијата“ од неговите професори, вели дека секогаш ќе му бидат врежани како поттик за понатамошен развој.
„Уште во втора година на моите студии, посебен настан за мене и за студентите при катедрата за Етнокореологија беше 45 дневната турнеја во Јапонија со одржани 28 целовечерни концерти во 28 различни градови.“, сподели Николовски.
„Никогаш не дозволувајте да се откажете од целта што веќе еднаш сте ја поставиле. Редовно и навремено учете за предвидените колоквиуми и испити во редовна испитна сесија без изговори и одложување на факултетски обврски.“