ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.12.2022
Христијан Николовски – професор на Музичка академија раскажува за сопствените студентски денови

М-р Христијан Николовски од катедрата за етнокореологија на Музичката академија при УГД – Штип е редовно вработен како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски -Луј“ во Скопје и ангажиран како насловен доцент на Музичката академија при  Универзитет „Гоце Делчев “ Штип. Тој на своите и идните студенти им порачува неколку совети за да си го олеснат учењето , но и раскажува за своите студентски денови.

Христијан Николовски

Според Николовски,  мотото по кое сите студенти треба да се водат и кој тој самиот го користи за секојдневна мотивација е  „успехот е резултат на трудот и работата“. Рецептот за успех се состои од желба, работа, упорност, реалност и никогаш откажување од својата цел.

Она што го водело доцентот во текот на неговите четири годишни студии на прв циклус на студиската програма по Етнокорологија и едногодишни студии на втор циклус на студиската програма по Етнокореологија е желбата и целта за вистинско запознавање на традиционалната култура.

Ана Михаиловска, најдобрата студентка на Факултетот за природни и технички науки ги открива своите тајни

„Уште како дете бев во водите на фолклорот и како што поминуваа годините сфатив дека еден ден професионално ќе се занимавам со тоа. Единствена таква прилика за професионална и стручна надоградба видов во студиската програма по Етнокореологија со соодветен стручен кадар која опфаќа повеќе полиња, како што се Етнокореологија, Етномузикологија и Народни инструменти.“, вели Николовски.

Праксата е од исклучително значење во било која област

„Поготово во уметноста мораме да нагласиме дека теоријата без праксата нема значење и аргументи. Да се биде уметник мора да се познава сцената и чувството на сцената. Како плод на катедарата за етнокореологија во 2012 година е формиран и Ансамблот Македонија во кој студентите на катедрата за Етнокореологија во своето четиригодишно студирање преку концертните активости во Македонија и странство ја исполнуваат својата практична настава предвидена во студиската програма.“, вели Николовски.

Љубенка е прогласена за нај-студент на 2022 – еве ги советите од неа до сите студенти

За личност која му помогнала во развојот на својата кариера, Николовски го издвојува проф. д-р Владимир Јаневски, кој исто така е и основоположник на катедрата за Етнокореологија на Музичката Академија, при „УГД“ – Штип. Зборовите „Сакајте ја и почитувајте ја традицијата“ од неговите професори, вели дека секогаш ќе му бидат врежани како поттик за понатамошен развој.

„Уште во втора година на моите студии, посебен настан за мене и за студентите при катедрата за Етнокореологија беше 45 дневната турнеја во Јапонија со одржани 28 целовечерни концерти во 28 различни градови.“, сподели Николовски.

Тој за идните студенти посочува:

„Никогаш не дозволувајте да се откажете од целта што веќе еднаш сте ја поставиле. Редовно и навремено учете за предвидените колоквиуми и испити во редовна испитна сесија без изговори и одложување на факултетски обврски.“

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ со премиера во Народниот Театар Штип
Макфест 2024 – се е подготвено за старт