
Службениците за млади во институциите треба поефикасно да комуницираат со младите преку проактивен пристап и адаптиран јазик, додека институциите треба да дадат поддршка и простор за да се обезбеди поголема препознатливост на позицијата службеник за млади.
Службеник за млади е лице вработено во институција кое е назначено од раководителот на истата, да комуницира, помага и активно да придонесува за младите.
Оваа обврска произлегува од Законот за младински политики и младинско учество и во голем процент е исполнета, но во пракса, ефикасноста ја нема. Тоа се должи на несоодветната комуникација на службениците за млади, потценувањето на позицијата од раководителите на институциите и непрепознавањето на потребата – младите да имаат лице кое ќе зборува на „нивен јазик“, ќе одговара на нивните прашања и барања и навремено ќе ги информира за сите прашања од нивни интерес.
(Видео) Компанија која е во топ 590 најдобри места да се вработиш има отворени позиции во Македонија
За да се придонесе за подобрена и поефикасна комуникација на службениците за млади, во рамки на иницијативата „Службеник за млади – мост меѓу младите и институциите“, неформална група на млади лица од партиите СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДОМ, ДУИ и еден граѓански активист, со поддршка на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а во рамки на програмата Институт за напредно политичко лидерство (АЛПИ), изработи Документ со насоки за ефективна комуникација на службениците за млади.
Целта на овој документ е да им помогне на назначените службеници во општините и во државните институции во нивната комуникација со младите, но и со сите граѓани кои се обраќаат на институцијата во врска со младински прашања.
Македонските ученици не го разбираат тоа што го читаат, покажа новата ПИРЛС студија
Законот за младинско учество и младински политики определува назначување службеник за млади како обврска на институциите и повеќе од 90% од институциите назначиле службеник. Обврските на службениците за млади не се јасно дефинирано со донесениот Закон и истите се детализирани со одлука на Влада.
Врз основа на наведената одлука институциите изработуваат решенија со конкретни обврски кои се доделуваат на назначените службеници за млади.
Сепак, самиот Документ констатира дека дополнително треба да се детализираат обврските преку измени на Законот за младински прашања и младински политики и преку одлуки на Влада и институциите засебно со цел појасна слика за работата на службениците и нивна поголема препознатливост кај младите.
Документот содржи препораки: како, каде и кога службеникот за млади да комуницира со младите и со пошироката јавност. Документот со насоки дава јасни препораки за службениците за млади, но и содржи дел каде што се наведени препораки за институциите и препораки за младите.
Овие аспекти од содржината го прават овој документ сеопфатен и истовремено, ја појаснуваат работата на службениците за млади ширум државата.
Во своите препораки авторот Драган Атанасов од Сојуза за младинска работапоаѓа од важноста на комуникацијата во работата на еден службеник за млади. Комуникацијата е основа на работата на службеникот и покрај тоа што природата на работата во одделни институции се разликува. Одлуката на Владата ја потенцира важноста на комуникацијата, а службеникот претставува лице за информирање на младите, информирање на сите граѓани за младински прашања и комуникација со форми на младинско организирање.
Автор: СОТИР ГАБЕЛОСКИ
(Текстот е напишан во рамките на Иницијативата за дигитално граѓанство ResPublica. Оригиналната објава можете да ја прочитате тукa.)