„Инженерски прстен“ , признание за успешни студенти од инженерските дисциплини по 20-ти пат добија најдобрите студенти од македонските факултети за инженерски дисциплини.
Претседателот Стево Пендаровски ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Манифестацијата „Инженерски прстен“ традиционално е под покровителство на претседателот на државата, а во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Претседателот Пендаровски во обраќањето на 20. јубилејна церемонија на „Инженерски прстен“ нагласи дека оваа манифестација во континуитет ја симболизира посветеноста на генерации млади луѓе кон инженерската професија и претставува потсетник за обврската да не се отстапува од високите професионални и етички стандарди на струката. Претседателот истакна дека од нив зависат идниот развој и напредок на македонското општество и посочи на одговорно користење на знаењата и на вештините за општо добро. Тој ги охрабри младите инженери да се вклучат во глобалниот натпревар на идеи и решенија што можат да придонесат за поодржлив раст и развој за Северна Македонија, за регионот и за Европа.
– Елена Настеска – Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Димитар Гошев – Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Моника Шаревска – Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Вероника Стојановска – Технолошко-металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Бојан Софрониески – Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Симона Цветковска – Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Милена Трајаноска – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Ники Петрески – Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Ева Ристова – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Антонио Андоновски – Природно математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
– Ана Михаиловска – Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип,
– Сара Петковска – Технички факултет Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.