ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.10.2021
Исмевање на Мета: Промената на името на Фејсбук предизвика бурни реакции

Најавата на извршниот директор на Фејсбук, Mark Zuckerberg, дека гигантот на социјалните мрежи ќе го смени името на својата компанија во Мета, предизвика вознемиреност и зачуденост.

„Го најавувам новото име Мета. Мета помага да се изгради метаверс, место каде што ќе се конектираме во 3Д. Добредојдовте во следното поглавие на социјалната врска“ – напиша технолошкиот гигант во твит.

Ребрендот доаѓа кога компанијата се соочува со серија кризи за односи со јавноста.

Низата документи кои излегоа во јавноста познати како „Фејсбук документи“ ја разоткри внатрешната неформална работа на компанијата.

Прочитај и: Гоце.мк – Производите на Фејсбук им штетат на децата и ја ослабнуваат демократијата – (goce.mk)

Во разговорот за ребрендирањето се вклучија и политичарите од сите партиски линии со негативен став. Њујоршката прогресивна конгресменка Alexandria Ocasio-Cortez ја нарече компанијата „рак на демократијата“ и „глобална машина за надзор“.

 

И американските сенатори Richard Blumenthal и  Ed Markey не ги потиснаа своите зборови. Blumenthal тврди дека промената е обид да се „одвлече вниманието“, но тоа нема да ги избрише годините на лукави практики и непочитување на приватноста на корисниците.

Наспроти револтот за ребрендирање, некои само се спротиставија на името Мета.

„И токму тој ден, е толкава мета, што интересна опсерваторија стана погубна навреда.“ – напиша авторот Hank Green.

Твитер исто така скокна на нивниот официјален профил шегувајќи се дека имаат „големи вести“ за објава, по што следуваше појаснување – „само се шегуваме, уште се викаме Твитер.“

 

Аларм: Вештачката интелигенција може да излезе од контрола
Британија воведува „полициски час“ за TikTok и Instagram? Реакциите во јавноста поделени