
Ако се обидовте да дознаете повеќе за војната меѓу Израел и Хамас на Google во изминатите месеци, не бевте единствените – тоа беше најпребаруваната вест минатата година. Луѓето се интересираа и за експлозијата на подморницата „Титан“, како и за земјотресот што ги погоди Турција и Сирија. Од друга страна, на Википедија луѓето беа убедливо најинформирани за ChatGPT, но и за Опенхајмер, Тејлор Свифт и Илон Маск.

Image by rawpixel.com on Freepik
Во својот годишен извештај за пребарување на Интернет, Google откри дека луѓето биле најзаинтересирани за ситуацијата во Газа во 2023. Од нападот на Хамас на 7 октомври до израелската воена акција, „Војна во Израел и Газа“ беше најпребаруваната вест. Високо на листата се и „што е Хамас“, „што се случува во Израел“ и „зошто нападна Хамас“.
Катастрофата што ја снајде подморницата „Титан“ и потрагата што следеше, како и земјотресот во Турција и Сирија кој однесе над 50.000 животи се на листата на вести.
Во категоријата познати личности, на врвот на листата е атлетичарот Дамар Хамлин кој доживеа срцев удар за време на натпревар од НФЛ, актерот Џереми Ренер кој се здоби со сериозни повреди додека чистеше снег, а тука е и контроверзниот бизнисмен Ендрју Тејт, кој беше уапсен на почетокот на годината во Романија, а фудбалерот Килијан Мбапе.
Ненадејната смрт на Метју Пери растажи милиони фанови на „Пријатели“ ширум светот, но и привлече најголемо внимание кога станува збор за славните личности кои починаа. Голем интерес предизвика и смртта на легендарните пејачки Тина Тарнер и Шинејд О’Конор.
Летните блокбастери Барби и Опенхајмер, се најдоа на врвот во потрагата по филмовите, а потоа следеше боливудскиот спектакл Јаван.
Интересни се и пребарувањата кои го откриваат развојот на јазикот и начините на комуникација. Зборот на годината „rizz“ беше најпребаруван во сленг полето, а меѓу нив беше и зборот „cringe“.
Со 49,4 милиони прегледи, ChatGPT и револуционерниот напредок на новата генерација чет-ботови се далеку на прво место. Четботот на компанијата „OpenAI“ не само што беше најпребаруваниот термин на англиски, туку и на сите јазици – со дури 78 милиони читања.
Оваа година филмовите привлекоа голем интерес – дури седум се наоѓаат на листата на 25 најчитани статии на Википедија. Биографскиот блокбастер на Кристофер Нолан за таткото на атомската бомба се најде на седмото место. Тој го разбуди интересот на луѓето за животот и делото на физичарот Роберт Опенхајмер. Написот за него се најде на петтото место на листата.
Имајќи предвид дека во текот на летото многу се зборуваше за Барбенхајмер, филмот за најпопуларната кукла во светот се најде на 13-то место. Тука се и долгоочекуваното продолжение на Avatar, третиот дел од Guardians of the Galaxy и серијата The Last of Us.
Со спектакуларниот успех на нејзината светска турнеја, Тејлор Свифт не само што доминираше на музичката сцена, туку и во пребарувањата на познатите личности на Википедија – 12-то место со 19,4 милиони прегледи. По неа, најголем интерес предизвикаа Лионел Меси и Кристијано Роналдо, како и веќе споменатиот Ендрју Тејт.