ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.02.2022
Извештај на „Меѓаши“Децата најзагрозени во семејните односи
Автор: Goce Author

Најголем дел случаи на кршење на правата на децата се поврзани со семејните односи. Ова го покажуваат податоците од извештајот за работењето на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во 2021 година.

Фото: Меѓаши

„Меѓаши“ изминатата година регистрирала 329 јавувања oд лица кои се обратиле за помош при прекршување на правата на детето, а во кои биле опфатени 450 деца. Споредено со 2020 година кога имаше 240 случаи, има зголемување за околу 40 отсто.

Ова се наведува во Извештајот за работењето на „Меѓаши“ во 2021 година и се потенцира дека најчестите прекршувања на правата на детето се однесуваат на категоријата семејни односи, за гледање на вториот родител при бракоразводна постапка, за непочитување на решенијата на центрите за социјална работа и сè што е поврзано со нарушени поранешни брачни односи, а недоволно функционални родителски одговорности и обврски, прекршување на правата на детето при секаков вид насилство и нивна пристапност до институциите.

Карактеристично е дека голем дел,  околу 90 отсто од повиците доаѓаат од урбаните средини и најмногу повици се од македонската етничка припадност. Драги Змијанац, претседател и основач на „Меѓаши“ посочува на случаи на грабнати деца од страна на еден од родителите.

– Генерална забелешка на извештајот од 2021 година е малиот број на деца кој не контактира и од таа причина е неопходно да се работи на охрабрување на децата и младите да се јават, да се информираат, да пријават прекршување на сопствено право, но и на свое другарче. Во тоа треба да наставниците и родителите да ја доближат оваа комуникациска платформа до децата дома и во училиште – истакан Змијанац.

Светски ден на децата – секое дете заслужува да биде среќно и сакано

Вчера беше промовирана платформата „Ало Бушавко“, претходно познат како СОС телефон за деца и млади. Платформата се очекува да биде место каде децата и младите може да разговараат за своите чувства, проблеми, ситуации кои не ги разбираат, да пријават прекршување на некое нивно право или да се информираат за своите права.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?