ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.03.2024
„Светскиот ден на извидници“ се одбележа во Штип

Сојузот на извидници на Македонија неодамна го одбележа Светскиот ден на извиднии (22 февруари) со бројни настани во Штип. Овој настан се одбележува со тоа што извидничките одреди спроведуваат хуманитарни акции под мотото „Направи добро дело“ во текот на цел февруари, а на крај се организира централна прослава на национално ниво. Централното одбележување беше во Домот на Младите во Штип, а низа настани се случија и на други места.

Оваа година централниот настан се организираше во Штип а учествуваа околу 450 млади и 50 волонтери кои дојдоа ширум државата.  Младите го прославија денот на извидниците со посетување на културни и забавни точки за запознавање на културата и знаменитостите низ градот Штип. Извидниците имаа можност да ги посетат следните места и знаменитости: спомен собата на „Гоце Делчев“, мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, тврдината „Исар“, градската црква „Св. Никола“, имаа искачување на вештачката карпа со Качувачкиот Клуб „Астибо“ – Штип, се запознаа со алпинизамот во паркот Суитлак со Алпинистичкиот клуб „Астрајон“ и притоа ја употребија својата креативност во младнскиот центар „МладиХаб“.

По прошетката младите и гостите можеа да се прошетат низ времето со изложбата организирана во просториите на Дом на млади Штип на темата „Извидништвото некогаш и сега“, на која беа изложени фотографии од почетоците на извидништвото во Македонија и во градот Штип па се до последните настани.

Интересно е да се напомене дека за време на свечената церемонија извидниците од ИО „Еквинокс Скаут“ – Штип за прв пат доделија признание за Почесен член на Владимир Милев – Чичко Владо кој се смета за еден од основоположниците и најзаслужните за извидничкото движење во минатото во Штип.

Повик за учество на средношколци на летен воен камп во Црна Гора
Можете ли да ги победите во шах професорите од Факултетот за медицински науки?