ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.08.2023
Каде се младите?
Автор: Goce Author

Организацијата НЕЦИ НМК по повод Меѓународниот ден на младите 12 Август, организира настан под наслов „Каде се младите“.

Со нашите гости проф. д-р Страшко Стојановски ќе ги отвориме прашањата за миграциите и квалитетот на наставните програми и високото  образование. Образовна мотивација и миграција на младите во источниот регион во државата и странство .

Со Дина Митровиќ како младински работник ќе разговараме за младинските политики на локално и национално ниво. Функционирање на младинските центри , младински службеници и Локални младински совети

Со Дејан Коцев Ко-основач на pametendom.mk и Adept Code ќе дискутираме за предизвиците и можностите во нашата држава за стартување на сопствен бизнис како млад човек, се вели во поканата од Неци МК.

Модератор на настанот е Ирена Жежова. Место на одржување е платото пред Безистен на 12.08.2023 во 19.30 часот во Штип.

 

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
(Видео) Зголемен интерес за студирање на УГД во Штип – зошто младите го прават овој избор?