ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.07.2022
Како да го исполните времето кога надвор е врнежливо?
Автор: Goce Author

Врнежливото време е време кое секогаш не’ асоцира дека треба да бидеме дома, а тоа е досадно и целосно непродуктивно нели? Но, наместо да кукате дека времето надвор не е добро и да седете дома превртувајки ги очите од досада, пробајте да направите нешто од следните наши предлози.

Photo by Nadia Valko on Unsplash

Направете мени за јадење

Комбинирајте ја подготовката за оброци со забавна активност за децата. Започнете со тоа што ќе побарате од вашите деца да ви помогнат да отворите сопствен ресторан дома. Вклучете ги во планирањето на оброците што сакаат да ги јадат за деновите или неделата што следуваат, а потоа смислете креативно име за секое јадење од менито. Конечно, ставете ги овие идеи на хартија, додавајќи забавни дизајни или илустрации за храна.

Photo by Soroush Karimi on Unsplash

Штипска дожлива прикаска

Исчистете го плакарот од непотребни алишта

Речиси секогаш кога треба да излеземе се среќаваме со проблемот „немам што да облечам“, а плакарот ни е полн со алишта кои не ги носиме. Кога времето е сончево чистењето на плакарот баш и не ни е во приоритетните идеи, па врнежливиот дел нека биде ден за распределување на вашата облека.

Photo by Sarah Brown on Unsplash

Разгалете се со топла бања

Денеска е идеален ден за да ја наполните кадата со вашата омилена купка и да си дозволите целосно опуштање. Дајте му го на вашето тело тоа што го заслужува.

Photo by Mutzii on Unsplash

Поканете ги вашите пријатели и играјте друштвени игри

Игрите не се само за децата нели? Во ваквите денови, играњето на друштвени игри ќе ве врати во детството. Доколку не практикувате да играте друштвени игри, тогаш со гаранција ќе ви биде забавно.

Photo by Jonah Brown on Unsplash

Испечете чоколадни колачиња

Дождливиот ден најдобро оди со испечени чоколадни колачиња.

Photo by charlesdeluvio on Unsplash

Направете домашно кино

Затемнте ги прозорците, земете пуканки и направете домашен филмски маратон. Погледнете ги нашите предлог идеи за филмови овде.

Photo by Dawid Łabno on Unsplash

Испланирајте го вашиот одмор

Иако можеби знаете каде ќе заминете на одмор, ваквите денови се создадени за да се кројат планови. Одвојте во планираниот буџет за вашит одмор, одберете повеќе дестинации и направете план дали би можеле да заминете таму. Истражете ги хотелите, авионските карти и околните убавини. Можеби дестинацијата која сте ја планирање, ќе биде променета со некое поинтересно и поубаво место.

Photo by Dawid Łabno on Unsplash

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?