ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.11.2023
Како вештачка интелигенција може да ви помогне со студиите
Автор: Goce Author

Со зголемената употреба на вештачката интелигенција во секојдневните обврски, тоа се повеќе и повеќе наоѓа примена во едукацијата, помагајќи и на учениците и студентите побрзо и поефикасно да завршат со своите училишни задачи.

Докажано е дека поголем дел од студентите употребуваат вештачка интелигенција во образованието, во задачи што вклучуваат превод , како и учење јазик па до целосно пишување на есеј и други текстови.

Еве неколку начини како модерните четботови можат да ви помогнат и на вас:

1. Превод и учење јазик

Една од функциите што овие четботови ја овозможуваат е превод на текст, како и поедноставување на процесот на учење јазик.

ChatGPT е еден од овие четботови кои е способен да се справува со превод и може да послужи како алатка за учење јазик, помагајќи им на учениците да пронајдат грешки во својата задача, или пак да ги употребуваат овие способности на ChatGPT при учење на вокабулар и граматика.

2. Вештачка интелигенција при пишување текстови

Додека некои студенти главно го користат ChatGPT како алатка за решавање на домашни задачи, неговата способност за пишување и генерирање на содржина исто така го прави корисна алатка за составување текстови по ваша лично избрана тема.

Друга популарна алатка употребувана при пишување на текст е Grammarly, алатката за проверка на правопис и граматика базирана на вештачка интелигенција. Програмата ви нуди совети кои ќе го подобрат вашиот текст, како и други функции кои ќе ви послужат при пишувањето. Ви ги означува грешките во текстот  и ви дава идеи како можете да ги поправите.

Покрај генерирање на текстовите, од ChatGPT можете да побарате помош и при други креативни задачи, како генерирање на идеи, дијалози и преосмислување на дадена реченица или текст и слично.

3. Вештачка интелигенција при самостојно учење

Уште една меѓу покорисните апликации за вештачка интелигенција е туторството.

Иако вештачката интелигенција не е целосна замена за учењето во училница, таа може да им помогне на учениците кои заостануваат и имаат потреба од дополнителна пракса.
Програмите за вештачка интелигенција можат да ги вежбаат студентите по кој било предмет и да ги обучуваат на области кои бараат дополнително проучување.

Вештачката интелигенција особено може да ви помогне во некој дел од учењето со кои имате потешкотии бидејќи четботот ќе создаде план за учење специфично наменет да ви помогне со вашиот проблем, односно може да се каже дека некој четбот, како што е ChatGPT може да биде ваш личен професор.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Кирил Стојанов

Аларм: Вештачката интелигенција може да излезе од контрола
Британија воведува „полициски час“ за TikTok и Instagram? Реакциите во јавноста поделени