ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.01.2022
Пет начини како да ги намалите своите месечни трошоци
Автор: Goce Author

Доколку сте студент навистина може да биде проблем да заштедите пари и да ги намалите своите месечни трошоци. Еве ви претставуваме пет начини како можете да го сторите тоа.

Кога ќе научите како и од каде можете да заштедите пари, вашиот живот би можел да стане малку по комфорен, а особено ако сте студент кому секогаш му недостасуваат пари. Еве ги петте начини како на крајот од месецот да ви останат повеќе пари:

Исклучете ги електричните уреди кога не се во употреба

Доколку сте студент веројатно за првпат во живото се соочувате со самостојно плаќање на вашите сметки за струја. Забележувате дека сметката е различна секој месец и зависи од тоа дали непотребно трошите струја. Советот е да го избегнувате модот „stand by“ на вашите уреди секогаш кога тоа е возможно. Велат вашиот телевизор троши околу шест проценти од електричната енергија во вашиот дом. Па секогаш исклучувајте го ако никој не го гледа. Исто така добар совет е да ги исклучувате светлата во собите во кои никој не престојува.

Freelance – кои се можностите за заработка од дома?

Не фрлајте храна

Голем дел од парите се трошат на храна. Некои истражувања велат дека трошокот за храна доаѓа и од лошото планирање на храната. Доколку го испланирате вашето неделно мени можете да заштедите со тоа што ќе знаете што точно треба да купите. Исто така, остатокот од храна, можете да го замрзнете наместо да го фрлате. Одмрзнување и подгревање на веќе зготвената храна може да ви заштеди и одење во ресторан кога не ви се прави ручек.

Купувајте на акции

Без разлика дали станува збор за облека, работи од домаќинството или храна секогаш е попаметно да се купуваат продукти кои се на попуст. Според искуството големите продавници минимум двапати во годината имаат големи попусти. Почекајте и купете тогаш.

Следете ги вашите месечни трошоци

Во овој случај буквално информацијата може да ве чини пари. Ако имате точни податоци за тоа колку трошите во текот на месецот можете многу полесно да го испланирате вашиот буџет. Запишувајте колку и каде трошите. На овој начин ќе воочите каде ви оди повеќе пари и каде можете да заштедите.

Отворете штедна

Ако веќе сте одлучиле да намалите со своите трошоци тогаш веројатно дека ќе ви остане некоја пара настрана. Ако заштедата ја потрошиш на непотребно скапо виски, тогаш попусто е целиот труд погоре. Затоа предлог е да отвориш штедна сметка каде ќе имаш и електронски увид со колку располагаш. Не ги чувајте дома вашите заштедени пари – ќе ги потрошите.

Ова се неколку начини како да ги намалите своите месечни трошоци. Ако имате други фитни споделете ги со нас!

Крај на скапите сметки – ЕУ отвора пат за бесплатен роаминг во 2027 година?
Корупцијата ја разнишува довербата во институциите во Европа и на Балканот