ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.06.2023
Како ќе се одвива пријавувањето на ученици во средно образование?
Автор: Goce Author

Пријавувањето ученици во средно образование ќе се врши преку електронско аплицирање, а првото пријавување ќе се врши на 20 јуни до полноќ, информираат во Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму велат дека учениците, преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk, ќе можат да аплицираат со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

„Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до полноќ и на 21 јуни година до 15 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk, најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk“, информира МОН.

Берин Мухамед е новиот лидер на средношколците

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до полноќ и на 29 јуни до 10 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk, најдоцна до 13 часот.

„Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 15 до 19 часот и на 30 јуни од 7 часот до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули годинава, најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk“, додаваат во МОН.

Корупција има, но никој не ја пријавува

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до полноќ. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 22 август од 10 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави на 23 август, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

И во Хрватска младите сакаат да студираат во странство

„По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа“, потенцираат во МОН.

Користен правилно, Chat GPT може да биде корисна алатка за студентите
Харвард одбива барања од Трамп – замрзнати им се над 2 милијарди долари федерални средства