ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.07.2024
Кампања за безбедност во сообраќајот на РСБСП
Автор: Goce Author

Неколку кампањи за безбедност во сообраќајот спроведува РСБСП – последната од нив наменета за мотоциклистите, под мотото „Носи кацига“.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР и Факултетот за безбедност – Скопје, во месец мај 2024 година ја започна кампањата „Носи кацига“. Оваа кампања се реализира со делење на едукативно-рекламен материјал и едукативно-превентивни активности во повеќе градови.

Кампањата „Носи кацига“ е пред сѐ насочена кон лицата кои управуваат мотоцикл, велосипед и тротинет, и нивното одговорно и безбедно учество во сообраќајот со цел подигање на свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користење на заштитна опрема (во прв ред заштитен шлем) и зголемување на безбедноста на мотоциклистите, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот на патиштата.

Целта на кампањата е подигање на свеста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користење на заштитна опрема, во прв ред заштитен шлем, и зголемување на безбедноста на мотоциклистите, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот на патиштата.

Децата во сообраќајот – една од најранливите категории

Безбедноста во сообраќајот зависи од сите учесници

Минатата недела РБСБП одржа и работилница во Дојран, како дел од кампањата „За безбедно лето“.

Кампањата се реализира со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило.

Во рамки на летната кампања „За безбедно лето“ се реализира кампања под мотото „Вози одморен“. Во рамки на оваа кампања се спроведуваат превентивно-едукативни активности и се дели рекламен материјал, вода и безалкохолни пијалоци.

РСБСП апелира: Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да возат одморени, на секои 2 часа да прават паузи од околу 15 минути, да не возат уморни и под дејство на алкохол, и да консумираат повеќе безалкохолни пијалоци.

Возете одморени, возете безбедно! Да ја подобриме безбедноста на сообраќајот на патиштата!

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?