ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.10.2022
Карван за вакцинација „Заедно заштитени – вакцините делуваат“
Автор: Goce Author

Карван за информирање на заедниците за корисноста на вакцинирањето од денеска до 26 октомври ќе посети 24 локации низ земјава. Го организира Министерството за здравство со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација.

Карванот се организира под слоганот „Заедно заштитени – вакцините делуваат“.  До локалните заедници ќе се пренесуваат информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против КОВИД-19. Исто така, ќе овозможи антиковид-вакцинација на самото место.

– Повеќе од два века вакцините им помагаат на луѓето да останат здрави – почнувајќи од првата вакцина за заштита од големи сипаници, па сѐ до најновите вакцини што се користат за спречување тешки случаи на КОВИД-19. Оттогаш, семејствата и заедниците веруваат дека вакцините овозможуваат заштита за сите – од новороденчиња до повозрасни лица, наведува Министерството за здравство.

Министерството потсетува и дека пандемијата КОВИД-19 предизвикала огромен притисок кај здравствените системи и услуги. Нарушувањата го загрозиле долгогодишниот тешко стекнат напредок во редовната вакцинација кај деца.

– На пример, процентот на деца кои ја примиле втората доза против сипаници опаднал од 93,4 отсто во 2019 година на 68,5 отсто во 2020 година, со покачување на 80,4 отсто во 2021 година, наведува Министерството.

Кога е најдобро време да се вакцинирате против грип? Еве што велат лекарите

Oвој карван почнува во пресрет на сезоната на грип и вакцинацијата против него. Затоа, ќе бидат споделени и информации за вакцинација против сезонскиот грип во контекст на КОВИД-19. Повторно ќе се истакне потребата од вакцинирање против КОВИД-19. Ова поради тоа што 46,7 отсто од вкупното население во Македонија се вакцинирани со две дози. Само 8,9 отсто пак се вакцинирани со трета доза.

Тимовите за имунизација кои патуваат со карванот ќе обезбедат вакцинација против КОВИД-19 на самото место. За време на настаните ќе има на располагање и услуги за мерење крвен притисок, организирани во соработка со Црвениот крст.

Матурата е за славење – МВР со апел да прославите без автомобил, алкохол и дрога
Новото знаме на Република Северна