ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.04.2022
Колку сме свесни за предизвиците на лицата со аутизам?

Секојa година на 2 април светот го одбележува Светскиот ден на аутизмот. Оваа година се одбележува 15 – тиот Светски ден за подигање на свеста за аутизмот. 

Што е аутизам?

Според Американската психијатриска асоцијација, аутизмот е сложена развојна состојба која предизвикува постојани предизвици во комуникацијата, ограничени интереси и однесување кое се повторува. 

На оваа тема поразговаравме со проф. д-р Владимир Трајковски, претседател на Mакедонското научно здружение за аутизам, кое е најстарото здружение што се занимава со решавање на проблемите на децата и возрасните лица со аутизам во Македонија.

Проф. д-р Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам

Ние сме организација која врши научна истражувачка дејност, како и активности за подигнување на јавната свест за лицата со аутистичен спектар на нарушување и која работи на подобрување на третманот и квалитет на живеење на овие лица и нивните семејства преку организирање на настапи и настани, едукација и проекти во рамките на Македонија.“, вели професор д-р Трајковски.

 

 

Во Македонија свеста за лицата со аутизам за жал не е многу развиена

„Возрасните лица со аутизам немаат пристап до пазарот на трудот, немаат простори каде би се дружеле со пријателите, не добиваат адекватна здравствена заштита, бидејќи здравствениот кадар не е доволно обучен за пружање здравствена грижа на оваа ранлива категорија граѓани. На овие деца и лица им е потребно многу љубов, многу грижа, поголем детски додаток, подобро прифаќање од врсниците и општеството, поздрав начин на живот, помалку фрустрации и отфрлања од системот и подобрен сеопшт квалитет на живеење.“

Гоце.мк – Децата со попреченост имаат право на образование – како да им се обезбеди? – (goce.mk)

Токму од оваа причина, МНЗА организира често вебинари, се со цел да се подигне свеста и да се сфати дека и овие лица имаат свои потреби и не смеат да бидат отфрлени од општеството. Во последните две години имаат организирано околу 40 вебинари, од кои во 11 имаат заземено учество врвни експерти од областа на аутизмологијата.

„На сите овие вебинари по предавањето на гостите се поставуваа прашања и се развиваше плодна дискусија и често пати го пречекорувавме предвиденото време за вебинарот. Во март месец ни гостуваа д-р Џеки Ештон Смит од Лондон, Англија, а пред два дена имавме чест да ја слушнеме професорката Минди Шајтхауер од Емори универзитетот во САД, кој е рангиран на 74-тото место на светската листа на универзитети. Би рекол дека овие вебинари се повеќе од корисни за македонските професионалци, студенти и вклучително за семејствата кои имаат дете или лице со аутизам, бидејќи добиваат доста корисни совети. За жал родителите кои ги следат нашите вебинари можат да се пребројат на прстите од двете раце.“

Огромен број од овие предавачи доаѓаат од првите 100 универзитети на Шангајската листа и сите тие имаат одреден габарит и специфична тежина. 

Здружението организира и хабови за младинци со аутизам.

„Во месец март реализиравме настани со физичко присуство на Филозофскиот факултет во Скопје, каде е седиштето на здружението. Имено секоја сабота организиравме хабови за младинци со аутизам, каде тие се дружеа, креираа, цртаа, вежбаа и слично. Овие активности беа во рамките на Еразмус плус проектот наречен „Пријателски места за аутизам. Слични такви хабови организираа наши колеги во Прилеп.“

Денес, на 2 април требало биде организирана првата „аутизам пријателска“ кино проекција на филмот „Стела“ во Кинотека на Македонија, но од неразбирливи причини за здружението, била откажана. 

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?