ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.10.2022
Компанија од Исланд нуди работа за програмери
Автор: Goce Author

Компанијата Leviosa од Исланд нуди работа за програмери од Македонија.

Компанијата е основана во 2019 година, а тимот со кој што ќе работите се состои од: компјутерски научници, адвокат, клинички бета тестери, одбор на директори и советодавен тим.

Основачот на компанијата, по една деценија специјализирана во одделот итни случаеви, сфаќа дека гледал повеќе компјутери од болни луѓе. Со долгогодишно искуство во програмирањето, основа компанија со мисија дека ќе спасат повеќе животи со подобрување на интерфејсот со кој лекарите поминуваат подолго време – модулот на документација.

Компанијата бара програмери од Македонија кој се подготвени долгорочно да се посветат и да се развиваат заедно со компанијата.

Како програмер ќе добиете можност да:

  • учествувате во развојот на софтверот;
  • учествувате во имеплементација на производите;
  • научите како лекарите работат со пациентите и како технологијата може да го оптимизира нивниот работен тек;

Компанијата нуди:

  • конкурентска плата врз основа на искуство и потенцијал за развивање;
  • раст во кариерата;
  • приватно здравствено осигурување;
  • хибридна работа;
  • тим билдинг во Исланд;

Целиот оглас може да го видите овде. 

Паметните телефони ризик – кои се најчести?
Отворена можност за магистерски во Германија: Објавен повикот за стипендиската програма „You and Europe“