
Компанијата Leviosa од Исланд нуди работа за програмери од Македонија.
Компанијата е основана во 2019 година, а тимот со кој што ќе работите се состои од: компјутерски научници, адвокат, клинички бета тестери, одбор на директори и советодавен тим.

Основачот на компанијата, по една деценија специјализирана во одделот итни случаеви, сфаќа дека гледал повеќе компјутери од болни луѓе. Со долгогодишно искуство во програмирањето, основа компанија со мисија дека ќе спасат повеќе животи со подобрување на интерфејсот со кој лекарите поминуваат подолго време – модулот на документација.
Компанијата бара програмери од Македонија кој се подготвени долгорочно да се посветат и да се развиваат заедно со компанијата.
Целиот оглас може да го видите овде.