
Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за стипендии за студирање на странски универзитети. Конкурсите се за стипендии во академската 2022/23 година.

Објавени се за прв, втор и трет циклус, а посебен конкурс е објавен за стипендии од областа на ликовната уметност, кинематографија и филмска продукција, драмска уметност и музика. Конкурсите главно предвидуваат стипендии за оние средношколци кои имаат одличен успех од средно образование и кои ќе бидат примени на едни од најдобрите универзитети во светот. Конкурсите можат да се најдат на следните линкови.