
Утринава на страната на МОН беше објавен конкурс за аплицирање за студентски оброк. И покрај незадоволствата од донесените решенија, сепак студентите ја „нападнаа“ страницата на МОН за да ги прочитат деталите за оброкот при што таа веќе кај многу студенти не е функционална.

За они кои не успеаја да ги прочитаат деталите, со аплицирање ќе може да се започне од утре, а крајниот рок е 3 декември. Апликациите ќе се одвиваат исклучиво преку интернет, преку профилот на е-услуги. На повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи кои се државјани на Република Северна Македонија.
Условите се исти како и лани, односно студентите:
Потребните документи кои треба да се прикачат ги има на страната на МОН.
Изјава за точност на внесени податоци
Насоки за внесување трансакциска сметка
По завршување на рокот за пријавување, секој апликант од страна на МОН ќе биде известен за статусот на пријавата по електронски пат. Годинава, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември.