ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.11.2022
Конкурсот за студентски оброк ја падна страницата на МОН

Утринава на страната на МОН беше објавен конкурс за аплицирање за студентски оброк. И покрај незадоволствата од донесените решенија, сепак студентите ја „нападнаа“ страницата на МОН за да ги прочитат деталите за оброкот при што таа веќе кај многу студенти не е функционална.

За они кои не успеаја да ги прочитаат деталите, со аплицирање ќе може да се започне од утре, а крајниот рок е 3 декември. Апликациите ќе се одвиваат исклучиво преку интернет, преку профилот на е-услуги. На повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи кои се државјани на Република Северна Македонија.

Студентски марш по повод Светскиот ден на студентот

Условите се исти како и лани, односно студентите:

  • да не се во редовен работен однос
  • да не се регистрирани како индивидуални земјоделци
  • да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година

Потребните документи кои треба да се прикачат ги има на страната на МОН.

Изјава за точност на внесени податоци

Пријава

Насоки за внесување трансакциска сметка

По завршување на рокот за пријавување, секој апликант од страна на МОН ќе биде известен за статусот на пријавата по електронски пат. Годинава, исплатата ќе се реализира ретроактивно за периодот од 15 септември.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?