ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.05.2023
Користењето ChatGPT „турна“ студенти на испит во Тексас
Автор: Goce Author

ChatGPT е причината за недоделување на дипломи на студенти во Тексас, поради сомневање дека користеле вештачка интелигенција за трудовите за испитот.

Професор на Земјоделскиот и Машинскиот универзитет во Тексас „турнал“ половина апсолвенти откако користел ChatGPT за да утврди дека нивните трудови се напишани од вештачка интелигенција. Единствениот проблем со целата приказна е што ChatGPT не е дизајниран да ја потврди содржината напишана од четбот.

Во еден од многуте примери на злоупотреба и незнаење на  можностите на чет-бот, професорот д-р Џаред Мам обвини повеќе од половина од неговите апсолвенти за мамење, што предизвика универзитетот во Тексас да го одложи издавањето на дипломите.

Креаторот на ChatGPT побара регулација на вештачката интелигенција

Мам им испратил на своите студенти меил во кој ги информирал дека повеќето ќе добијат нула поени на нивните трудови затоа што „поминал“ нивни претходни два труда преку ChatGPT.  Програмата за вештачка интелигенција утврдила дека таа ги напишал тие трудови.

Кога студентите рекле дека не мамат, туку лично ги пишувале трудовите, а  и приложиле датотеки „google doc“ со временски печат (пред попиуларната програма за вештачка интелигенција да влезе во широка употреба), професорот одговорил: „Не оценувам ср*ње со вештачка интелигенција“.

Универзитетот го стопира издавањето дипломи порадо мамење со ChatGpt

Резултатот е дека универзитетот го стопира издавањето на дипломи на апсолвентите.  Мам им понудил да ги повторат последните два теста доколку сакаат да избегнат негативна оценка.

Сепак, ChatGPT не е дизајниран да ја прикажува и идентификува содржината генерирана од вештачка интелигенција, вклучително и содржина генерирана самостојно. Постојат специјализирани програми за ова, како што се Winston AI и Content at Scale, кои се специјално дизајнирани.

Ова го препознава и OpenAI, компанијата што го создаде ChatGPT. Програмата, исто така, може со мало „поттикнување“, да прави целосно лажни тврдења. Дури може и да фабрикува примарен извор на информации.

Ова е вест за Македонија напишана и преведена од робот

Професорот Мам, кој предава земјоделство и природни ресурси, не одговорил на повиците на медиумите. Универзитетот во Тексас соопшти дека го истражува случајот.

„Ниту еден студент не е исфрлен или одбиен да дипломира поради ова. Професорот работи со студентите на утврдување дали е користена вештачка интелигенција при пишувањето на задачите“, велат од институцијата.

Доделувањето на дипломите, сепак, засега ќе се одложи додека не се завршат поединечните истраги.

Матурантите со идентичен успех како лани
Отворен повик за #ИмамИдеја4: Младите претприемачи имаат шанса својата идеја да ја претворат во стартап