
Крајот на една и почетокот на друга година е период кога се буди волшебната магија кај секого. Тоа е период на подарување и посакување на желби.

Членовите на Клубот за млади при Општинската организција на Црвен крст Гевгелија, се приклучија со оригинална идеја и специфичен начин да ја изразат хуманоста и ја споделат волшебната приказна на дарување и исполнување на новогодишните желби на најмладите. Посакувањата и желбите се неограничени, како и празничната магија и мотивот да се исполнат желбите и израдуваат децата и младите.
Омилениот божиќен филм, Сам дома, за малку немало да го види светлото на денот
Желбата претставува стремеж кон нешто, посакување нешто да се оствари или добие. Секој има барем една новогодишна желба. Своите желби најмладите имаат можност да ги изразат . Посакуваната желба може да ја напишат и достават во таканаречена Волшебна куќа на желби која беше поставена од страна на Општинската организција на Црвен крст Гевгелија и Општина Гевгелија.

“Во Волшебната куќа на желби пристигнати се повеќе од 230 детски желби кои беа разгледувани од страна од младите волонтери. За тоа што посакуваат најмладите и кои се можностите да се исполнат нивните желби, го прашавме секретарот Лазар Мешков”.
-Според видот на желби, најзастапени се децата кои имаат скромни желби и посакуваат да бидат израдувани со некоја играчка. Голем дел од желбите се исполнети со поддршка од локални компании. Исто така се забележува дека дел од младите посакуваат карактеристични желби, како на пример да има мир во светот, да добијат икона од одреден светец и сл.
Останува надежта дека во Новата 2024-та година сите желби пристиганти во Волшебна куќа на желби ќе бидат реалност.
Автор: Надја Шопова