ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.12.2023
Омилениот божиќен филм, Сам дома, за малку немало да го види светлото на денот
Автор: Goce Author

„Сам дома“ е од оние филмови кои се апсолутни божиќни класици, а многу луѓе не знаат дека филмот речиси и да не е снимен затоа што Ворнер Брос се откажале од проектот.

Филмот од 1990 година е актуелен секоја година, а се гледа одново и одново низ светот за време на Божиќ и Нова година. Овој филм е синоним за новогодишните празници.

Затоа, тешко е да се замисли дека филмот бил многу блиску до тоа да не се сними и дека бил речиси укинат во претпродукција. Филмот го следи Кевин (Маколи Калкин) кој случајно е оставен дома додека неговото семејство оди на божиќен одмор.

Најубавите филмови кои мора да ги изгледате за новогодишните празници

Како што е кажано во документарниот филм „The Movies That Made Us: Home Alone“, кога сценаристот Џон Хјуз го однел својот проект во продукциската канцеларија на Ворнер Брос, тие рекле дека можат да го снимат филмот за 10 милиони долари и очекуваат достоен повраток на средствата.

Меѓутоа, како што се натрупуваа трошоците за филмот, се испостави дека за снимањето ќе бидат потребни 14 милиони долари, а откако го дознаа тоа, Warner Bros реши да го прекине проектот.

Во налетот на емоции, на актерската екипа истото утро им беше кажано дека продукцијата е затворена и дека се без работа. За среќа, подоцна им беше кажано дека 20th Century Fox го зеде филмот и се согласиле да го довршат до крај.

Тимот потоа тргна на работа за да ја најде вистинската локација за секоја сцена, работејќи „деноноќно“ за да најде ја најде куќата „која претставува специфичен вид на американски живот од високата средна класа“, според Хјуз.

Меколи Калкин очигледно беше однапред избран за улогата на Кевин, во улога што ќе го прослави. Тој беше избран откако директорите на кастингот ја видоа неговата изведба заедно со Џон Кенди во „Вујко Бак“ и сфатија дека вистинското лице за улогата.

Филмот заврши со заработка од 285 милиони долари на кино благајните, а со текот на годините што следеа, го зацврсти своето место како еден од најголемите божиќни филмови на сите времиња.

Linkup.mk-нова платформа на интернет сцената
Текстовите на песните стануваат се побанални