
Во процес е истражувањето на можноста за воведување на дигитална верзија на официјалната валута во земјава – македонскиот денар од страна на Народната банка на Северна Македонија.

„По примерот на Европската централна банка, токму годинава, кога чествуваме триесет години откако денарот е наша парична единица, започнавме и со првични активности за разгледување на можноста и потребата од воведување дигитален денар. Ако анализите покажат дека е потребно и соодветно воведување дигитален денар, при некои од следните одбележувања на денот на монетарното осамостојување, се надевам веќе ќе говориме и за дигиталниот денар како официјално платежно средство во земјата.“, истакнала Анита Ангеловска Бежоска, гувернерка на Народна банка во С.Македонија.
Во последниве години, готовината се повеќе се користи како средство за одржување на нејзината вредност, но во исто време процентот на средства што се користат за плаќања е намалено од 35% пред 15 години на 20% во 2021 година.