ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.05.2022
Македонија низ објективот на Марко Џамбазоски

Македонија низ објективот на Марко Џамбазоски, видео монтажер, кој слободното време го поминува на места каде што работите изгледаат и функционираат малку поразлично од она на коешто сме навикнати.

Марко за себе вели дека иако има 29 години, сѐ уште е дете кое тврдоглаво го одбива стереотипниот начин на живот и преку уметност и патување бара начин да и побегне на монотонијата која општеството немилосрдно ја наметнува.

Марко Џамбазоски

На неговиот Инстаграм профил во био стои дека сака да ја истражува Македонија, а желбата ја добил откако се вратил од патување на различни дестинации низ Европа, па почувствувал желба да ја осознае својата земја.

  • „Живееме на едно мало парче земја кое крие толку убавини кои ни се лесно достапни, но малкумина од нас знаат дека постојат. Чувствував некаква потреба дека треба најпрво да си ја осознаам својата земја. Тоа што постојат толку скриени места кои се туристички некомерцијални и непознати, само ми ја разгорува желбата за истражување и за осознавање на тајните и приказните кои овие места ги кријат. Со текот на времето овие патувања ми станаа пасија и се вљубив во секое скриено ќоше кое природата го сместила тука.“ – вели Марко.

 

Длабоки Дол

Кај Македонски Брод има наоѓалиште за сол, Кратово лежи на злато, пештерата Врело е една од најдлабоките во светот – малку познати факти за Македонија

Многу македонски села се пред изумирање, а она што може да се забележи на профилот на Марко е тоа што ги истражува напуштените куќи низ селата.

  • „Тие стари куќи, изградени од некои непознати неимари, остануваат како еден споменик кој сведочи за едно друго време, кога животот таму бил малку поразличен… Невозможно е да отпатувам во некое од тие села и оваа архитектура да не ми ги скокотне сетилата…“

 

Село Вевчани

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Од скриените убавини во селата, до недопирливите водопади, ќе се нагледате на сите интересни предели кои ги крие Македонија. Иако како мал се замислувал дека ќе биде иноватор или познат кошаркар, сепак ова хоби доста добро го споделува со сите нас. Покрај тоа што е видео монтажер, тој е и актер и гитарист, па вели дека патувањето за него е еден вид на детоксикација.

  • „Патувањето и истражувањето на Македонија за мене е еден вид на детоксикација, не само за белите дробови на кои им дарувам чист воздух, туку и ментално, како излез од нашето секојдневие. Сигурен сум пред мене претстојат уште многу патувања, а ќе гледате и уште многу фотографии и видео содржини.“

 

Пештера Цоцев Камен

Својот прв апарат си го купил на своите 12 години, откако заштедил пари од своите родендени.

  • „Научив да штедам, секоја стотка ја ставав во касичка со катанец… Веднаш штом утврдив дека парите се собрани им реков на моите родители да ме однесат во Градскиот трговски центар од каде што си го купив. Со моите другари почнавме да го користиме овој апарат за снимање на некои кратки аматерски филмчиња, па веројатно тогаш почна да ми се раѓа желбата за филмот. Со фотографија се заразив нешто подоцна, на мои 19 години, кога го купив мојот прв DSLR фотоапарат и почнав да ги проучувам неговите можност.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

Добрата фотографија…

  • „знае да ги разбранува сетилата, буди инспирација кај гледачот, а чувства и сеќавања кај фотографот.“

 

Бабунски водопад

Инспирацијата доаѓа од…

  • „непознатото. Сакам да истражувам, сакам да ја осознаам нашата земја и да ги покажам оние скриени убавини кои ги поседуваме. Преку мојот профил се изразувам, мојата професија се врзува со мојата пасија и успевам да направам нешто што мене ме исполнува, а секако, драго ми е и кога успевам мојата енергија да ја пренесам на оние кои ме следат и кога некого ќе охрабрам да почне да патува или можеби да се занимава со фотографија.“

Во продолжение погледнете уште неколку слики од Инстаграм профилот на Марко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Dzambazoski (@markodzambazoski)

(Аудио) Мојот Став: Образование без редослед
(Аудио) Мојот Став: Тешкотијата да се искаже сопствен став