ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.12.2021
Македонската литература, култура и јазик презентирани во Будимпешта

Докторантка на Eötvös Loránd Универзитетот во Будимпешта, Унгарија со свои колеги имаше презентација на македонската литература, култура, јазик, природни богатства, образование и уметност. Настанот го организираа Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Татјана Стаменковска и организацијата MiraDoor.

 

Татјана Стаменковска беше дел од интеркултурната вечер за Македонија и раскажуваше за природните богатсва, гостопримливоста на земјата, но и вкусните специјалитети. Покрај Татјана на оваа презентација учествуваа и студентите Патриција Бокор, Ботонд Наѓ, Акош Секереш и Ботонд Калман под менторство на Професорот Златко Панзов кој предава Македонски јазик и е раководител на македонскиот лекторат во Будимпешта. Тие зборуваа за нивната слика на нашата земја која ја понеле со себе при посетата на Зимската и Летната школа во Охрид. Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта дејствува во рамките на Институтот за славистика и балтичка филологија при Универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта, Унгарија кое е единствено место во Унгарија каде се изучува македонски јазик.

На присутните им се презентирани и Еразмус можностите за студенти на двата најголеми државни универзитети кај нас Универзитетот „Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ како и можностите за туристичка посета на Македонија.

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе