ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.11.2023
Македонските научници најактивни меѓу земјите од Западен Балкан во активностите на програмата COST
Автор: Goce Author

Управниот комитет на COST (Европска соработка за наука и технологија) –  организација за научно-технолошко вмрежување во Европа, денеска во Скопје одржува годишен состанок во чии рамки ќе има и работилница за новата 10. Рамковна програма на ЕУ за истражување и иновации  „Хоризонт Европа“. Состанокот, на кој присуствува и директорот на COST-програмата, Роналд Де Бруин, го отворија вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Кои се и во кои научни подрачја работат најдобрите македонски научници од листата на Стенфорд универзитетот

Фото: МИА.МК

Маричиќ ја истакна важноста на учеството на Северна Македонија во СОЅТ и укажа дека треба да бараме можности за воспоставување солидна соработка меѓу научниците и институциите.

Проф. д-р Зоран Поповски, претставник на нашата земја во Управниот одбор на COST, истакна дека нашите научници во тековните акции учествуваат со околу 80  отсто.

Луѓето кои се родени на Балканот, а го смениле светот

-Од вкупно 45 000 научници што во овој момент се вклучени во мрежите на COST, македонските научници учествуваат во околу 250 такви мрежи со тоа што нашите научници користат различни инструменти за мобилност затоа што оваа Програма е исклучиво наменета за вмрежување, изјави Поповски.

Од денешниот состанок очекува, рече, да има предлози  како да се зголеми влијанието на COST  во Европската област за истражување (European Research Area) и, особено, како да се мотивираат што е можно повеќе млади научници.

Формирано Студентско Здружение за Молекуларна Медицина во Штип – имаат отворен повик за нови членови
Дуалното образование привлекува сè повеќе компании и ученици