ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.10.2026
Макфест 2026 во петок и сабота (30 и 31 октомври)
Автор: Goce Author

Макфест по 41 пат – Штип ќе биде уште еднаш музички центар, со нови музички рефрени и потврдување на реномето на најквалитетниот фестивал на македонската забавна музика.

Вкупно 27 изведувачи, дел нови, дел и досега учесници на фестивалот, ќе се појават на сцената на Домот на културата во Штип. Фестивалот се одржува во пеок и сабота, 30 и 31 октомври.

-Имаме неколку учесници, нови коишто за прв пат ќе настапат, сите останати веќе настапувале на Макфест. Генерално Макфест се движи во водите на забавна музика, шлагери, поп музика, меѓутоа песните се прилично шарени во стиловите – најави уметничкиот директор на Макфест, Роберт Саздов.

Оперативниот директор на Макфест, Александар Арсовски кажа дека на подготовките на фетсивалот се работио веќе 8 месеци, и се е подготвено.

-На фестивалот настапуваат вкупно 27 изведувачи, значи ќе ја поканиме домашната забавна музичка колекција со нови 27 забавни песни.  Можам да кажам дека целата организациска работа е завршена, завршува и работиата на дизајнот, односно на изработката на сценографијата, којашто се надевам ќе ја надмине во својот сјај минатата година – рече Арсовски.

Макфест годинава со 27 нови песни

На прес конференцијата пред почетокот на Макфест, присувствуваа и дел од пејачите кои ќе учествуваат.

Викторија Лоба , које последните години е дел од фетсивалот, изјави дека фестивалот кој им овозможува да ја претстават македонската песна пред публиката на начин на кој таа заслужува.

-Тоа е форма каде што можеме да ја презентираме македонската песна, како што заслужува. Да го добие сето тоа внимание кое што го заслужува и чест ми е уште еднаш што настапувам.  Огнен Здравковски рече дека овој фестивал тоа е како да кажам, наша култура, македонска историја, култура.

-Наа таа сцена на Макфест на тој фестивал се појавиле многу од нашите најголеми ѕвезди и од моите драги колеги и стварно ми е многу мило и така да ми е чест и задоволство што ќе бидам оваа година повторно на фестивалот.

Денови на медиумска писменост 2026
КАФЕ СО АМБАСАДОРИ ВО ВЕЛЕС: ДИГИТАЛИЗАЦИЈА, САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТ И „ФИМИ”