ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.05.2022
Мала Стартап фирма од Македонија работела на кампања за Универзитетот Стенфорд
Автор: Goce Author

Македонската фирма СмартКлик е млада стартап фирма креирана од млади луѓе кои работат за странскиот пазар.

Еден од проектите на кои работевме како резултат на добиени добри препораки и остварени контакти е за Универзитетот Стенфорд, Калифорнија. Услугата се состоеше од изработка на имејл темплејти кои требаше да бидат имплементирани во Mailchimp како дел од имејл кампањата на Стенфорд. Задоволството и честа да се биде дел од таков проект е несомнено огромна и мотивирачка. А, самото тоа што овој проект стана дел од нашето портфолио ни донесе многу заинтересирани странки со кои остваривме соработка, вели Милан Савов, основач на фирмата.

Милан Савов

Фирмата е формирана во 2018 година, Милан дипломирал во Битола, а магистрирал на Факултетот за информатика на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Вели дека знаењето кое го стекнал значајно му помогнало во она што го работи денес. СмартКлик е фирма која се занимава со веб девелопмент и е стационирана во Струмица. Најголем дел од нивната работа се клиенти од странство.

Се соочиле со проблем, за да го решат формирале денес успешна компанија

Меѓународните клиенти ни се во фокусот и иако знае да биде голем предизвик, странските клиенти знаат да препознаат квалитет во програмирањето од таленти од нашите простори а сето тоа да им одговара на буџетот кој го определиле. Како резултат на тоа, може да се каже дека лесно е да се работи меѓународно од Македонија но единствено ако она што можете да го понудите е екстра квалитет и одлична комуникација, вели Милан.

Најчесто соработуваат со клиенти од областа на електронската трговија како и SaaS индустријата и доаѓаат претежно од Европа и  Обединетото Кралство, а не изоставуваат и САД, Канада, Скандинавските земји, итн.

Дел од тимот на Смарт Клик

Тимот на вработени се млади таленти од Македонија

Во моментот нашиот тим е составен од таленти од Македонија, а инаку соработуваме и со странци како надворешни соработници. Тимот брои 12 членови од Македонија, поделени во два тима: веб програмери и тим за оптимизација на веб страници за пребарувачите. СмартКлик е компанија која преку градење или подобрување на бизнис веб страница и нејзина оптимизација за пребарувачите на интернет како и планирање и водење на стратегија за подобрена видливост и здобивање на поголем органски сообраќај им овозможува на онлајн бизнисите (особено е-трговија и SaaS индустријата) да се позиционираат на првата страница на Google резултатите.

Деновите од изборите учениците ќе ги одработат
Superior Runs 2024 – најдобри Ивановски и Поп Арсова, победници сите!