ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.04.2022
Маски во затворено не треба, препораките за заштита остануваат
Автор: Goce Author

Укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите, се препораките кои вчера на состанок ги донесе Комисијата за заразни болести (КЗБ).

Сепак новите препораки и очекуваните следни мерки на олеснување од рестрикциите не значат дека пандемијата е завршена.   Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски информира дека Комисијата по разгледаната епидемиолошка состојба во државата, заклучила дека моменталните услови овозможуваат да се размислува за намалување на рестриктивните мерки и препорачува укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор.

Препораката за носење маски останува како најефикасна заштита

– Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз. За овие затворени објекти или како да ги класифицираме, останува задолжителното носење на макси. Од сите останати затворени простори маските може да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе, истакна Петличковски на прес-конференција. Тој посочи дека се предлага укинување на задолжителното носење маски, но повторно препорачуваат маски да носат возрасните, тие што се имунокомпромитирани и тие кои се со хронични болести. Нема задолжение, но останува препораката за носење маски  како најефикасна мерка за заштита од пренесување и за заштита на здравјето.

Според портпаролот на КЗБ Злате Мехмедовиќ, укинувањето на обврската за носење маски во затворен простор не значи дека треба да не се внимава, посебно со оглед дека доаѓа период на празници, кој секако е ризичиен поради зголемената комуникација и контакти:

– Сега сме во пресрет на празници кои можат да бидат една од причините да имаме зголемување на бројот на новозаразени во текот на наредниот период и затоа внимателно чекор по чекор ќе одиме во насока на тоа да ги релаксираме мерките. Маските се една од големите рестриктивни мерки која се укинува. Да почекаме во наредните недели да ја следиме епидемиолошката состојба, доколку има можност и за тоа секако ќе се разговара и за сертификатите генерално не само за влез во државата, туку и за користење во затворени простории, истакна Мехмедовиќ.

Маските задолжителни во здравствените објекти, таму а нејголема веројатност за трансмисија на вирусот

Според Мехмедовиќ, здравствените објекти се местата каде е најголема веројатноста да има трансмисија на вирусот, затоа што има заболени лица, има симптоматологија, што е слична и на вообичаените настинки и на грипот, омикронот е со таква слична симптоматологија и не може да се диференцира од останатите болести.

СЗО: Се намалува стапката на смртност од Корона вирусот

– Важно е да се носи маска, за да немаме тука трансмисија на вирусот која би била зголемена, а имаме зголемен ризик од пренос на вирусот во овие простории. Возрасните лица, тие кои се над 65 години особено тие што се по старечките домови беа најмногу изложени на ризик во време на оваа варијанта на омикрон и затоа треба и кај нив да бидеме навистина внимателни за да не се доведеме до дополнителни ризик фактори кои би можеле да ни го загрозат здравјето. Јавниот превоз знаеме во каква состојба е. Сега имаме голема концентрација на луѓе во затворен простор, блиску се едни до други, таму дефинитивно треба да остане маската уште некој период за користење. Тоа се основните причини кои ги разгледувавме денеска на Комисијата за заразни болести како важни елементи кои не смееме да ги занемариме во однос на тоа кога се уште носиме одлука да продолжи да важи задолжителното носење на маски, потенцира Мехмедовиќ.

Сепак новите препораки и следните мерки на олеснување од рестрикциите не значат дека пандемијата е завршена.

– Ние и во моментов планираме следни чекори во случаи, во услови кога ни се зголемувале бројките. Значи, сакам да повикам на едно внимание и на прифаќање. Очекувам да организираме малку поинтензивна вакцинацална кампања. Во ниеден момент не се откажуваме од вакцините, да знаете дека ќе следуваат некакви препораки, организирани образложувања на ефикасноста на вакцините во следниов период, изјави Петличковски.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?