ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.03.2022
Маските во училиштата остануваат, во моловите без сертификат
Автор: Goce Author

Рано е да се размислува за укинување на мерката за носење маски во училиштата, но ќе биде предложена нова методологија за следење на епидемиолошкиот ризик.

Комисијата за заразни болести предлага нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Останува на ставот дека е рано да се размислува за укинување на мерката носење заштитни маски во училиштата поради. Причината е малиот процент на целосно вакцинирано население.

– Во однос на училиштата, генерално ставот од претходно беше дека премногу е мал опфатот од вакцинација и се уште е рано за да размислуваме за укинување на таа мерка. Основната дискусија на состанокот денеска беше методологијата што ја предлагаме која ќе биде план за релаксирање на мерките и да се имаат точно одредени параметри врз основа на коишто ќе можеме да ги опуштаме мерките, изјави вчера за МИА портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, МОН тоа ќе го прифати.

– Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата и таа треба да процени дали маските веќе не се толку важни. За мене е многу важен фактор скринингот што го реализираше Министерството за здравство со Комисијата за заразни болести. Тој скрининг ни покажа дека имаме добро почитување на мерките од страна на децата и многу мал број заразени деца, рече Шаќири.

Маските остануваат, но епидемиолошкиот ризик ќе се цени со нова методологија

Комисијата за заразни болести на вчерашниот редовен состанок предложи нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Новата методологија што ја предлага Комисијата за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик ќе се темели на три индикатори за период од последните седум дена: бројот на новооткриени случаи и бројот на хоспитализации на 100 000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети. Епидемиолошкиот ризик, според предлогот на Комисијата, ќе се класифицира како низок, среден или висок и за секоја од проценетите состојби ќе има сет мерки.

Резултатите од скрининг тестирањата подобри од очекуваното

Комисијата во соопштение објасни дека со зголемување на нивото на имунизирано население заради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми.

Согласно одлуката на Владата, од вчера е укината мерката за задолжително поседување КОВИД-19 сертификат за влез во трговски центри/молови. Исто така, сертификатот за прележан КОВИД-19 наместо 45 трае 180 дена, а укината е и одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?