ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.09.2022
Медијацијата недоволно искористена во правниот систем
Автор: Goce Author

Медијацијата засега останува недоволно искористен инструмент во македонскиот правосуден систем. Ова е заклучокот од конференцијата „Употреба на медијацијата – постигнати успеси и преостанати предизвици“, со која заврши проектот „Медијација, без дилема“.

Поголемиот број од испитани судии и јавни обвинители не се доволно запознаени со користењето на медијацијата во земјава и напорите за промоција и поддршка на медијацијата, а сè тоа резултира со слаба упатеност на предмети на медијација. Сепак, сметаат дека нејзиното користење ќе помогне на правосудниот систем.

Настанот го отворија директорката на ЕПИ (Институт за европски политики) Симонида Кацарска, заменик-министерот за правда Агим Нухиу, амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска и националната координаторка за медијација Јелисавета Георгиева Јовевска. Тие се согласија дека има зголемување на примена на медијацијата во земјава и се согласија дека тој тренд треба да продолжи и да се засили.

Повик за студенти на Правен факултет да бидат дел од Правна клиника за давање правна помош

Сепак, укажаа и на загрижувачкиот тренд на трговски спорови кои се решаваат со медијација. Заменик-министерот Нухиу истакна дека министерството ќе се обиде да го надмине тој предизвик со новото законско решение, кое започна да се применува од април оваа година.

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер Дамјановска смета дека перцепцијата за медијацијата и нејзиното користење во земјава ќе се промени доколку се спроведуваат едукативни настани секоја година за судиите и обвинителите и кога тие повеќе ќе се запознаат со предностите.

Новата национална координаторка за медијација, Јелисавета Георгиева Јовевска истакна дека со јавно говорење ќе се промовира медијацијата и ќе се користи повеќе.

Конференцијата послужи и како промотивен настан за „Анализата за квалитетот на медијацијата во Северна Македонија“,подготовена од страна на професорите Гордана Лажетиќ, Олга Кошевалиска и Лазар Нанев.

Медијација треба да биде прв избор за решавање на спорови

Анализата беше изработена преку анализа на дистрибуираните прашалници до сите основни судови во РСМ (граѓански судови, кривични судови како и надлжени судови во постапката спрема деца), до Основните јавни обвинителства со проширена надлежност кои се надлежни во кривичните постапки спрема деца, прашалници доставени до сите  медијатори регистрирани во Именикот на медијатори, барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда, како и податоци од реализирана фокус група со преставници од стопанските комори во земјава.

Корупцијата најголем „виновник“ за заминувањето на младите

За слабостите и предизвиците со кои се соочуваат медијаторите говореше претседателката на Комората на медијатори, Гордана Богеска  која смета дека потребно е информирање и едукација за граѓаните со цел медијацијата да стане прв избор за решавање спорови. Судијата од Основниот суд во Тетово Бетим Јахја и вишиот јавен обвинител Елвин Вели се согласија дека се потребни повеќе обуки за судиите и јавните обвинители, со цел да се запознаат со предностите на медијацијата.

Тие се согласија дека во земјава е доста направено, но и дека уште многу треба да се прави. Како идна насока, препорачаа креирање на структура која ќе вклучува подобар процес за квалитативно оценување на медијаторите, но и едуцирање за тоа што е медијација на сите слоеви во општеството, бидејќи решавањето на конфликти и спорови не треба да биде работа само за судовите и законот, туку тоа пред сè се проблеми со кои се соочуваат граѓаните во нивното секојдневие.

Деновите од изборите учениците ќе ги одработат
Superior Runs 2024 – најдобри Ивановски и Поп Арсова, победници сите!