ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.05.2022
Медијацијата продолжува, проблемите во образованието тлеат
Автор: Goce Author

Штрајкот во образованието е во мирување, постапката за мирно решавање на спорот во тек, а политичките партии спорот го „решаваат“ на свој начин – со препукување со соопштенија.

Во меѓувреме, родителите како и секогаш со најразлични ставови – голем дел и се бунат зошто сега децата да оделе на училиште со физичко присуство, кога можело долг период да одат онлајн. Во групите на социјалните мрежи поврзани со наставата и образованието, со штрајкот, можат да се видат баш секакви коментари и мислења, кои одлично ја отсликуваат конфузијата во која се наоѓа нашето образование. Генерално, може да се каже дека иако сите во коментирањето и делувањето тргнуваат од тоа дека ним најголем интерес им се децата, учениците, всушност речиси никој не мисли за доброто на децата. Но, и тоа не е ништо ново, бидејќи и образованието е дел од нашето длабоко поделено, партизирано и системски нефункционално општесто.

Образованието е “болно“ и без проблемот со платите

Започнатата медијација има рокови, десет плус десет дена, во кои ако не се постигне договор, штрајкот ќе биде активиран. Во меѓувреме, ќе заборавиме дека платите на наставниците всушност се само еден д проблемите на образованието, но за другите, суштински проблеми нема време да се размислува и делува. Денеска продолжуваат преговрите, а по завчерашните преговори во МОН со медијатор, претседателот на  СОНК Јаким Неделков на фејсбук  соопшти дека завршила рундата преговори  и тие ќе продолжат денеска и дека очекуваат конкретни одговори на нивните предлози.

– Заврши денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни, објави Неделков на Фејсбук. Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите и ако не се постигне договор односно една од страните не е задоволна, преговорите ќе продолжат  за уште десет дена.

Продолжување на роковите за полагање државна матура

На 28 април СОНК соопшти дека штрајкот, кој почна на 11 април, ќе го стави во мирување и  наставата ќе продолжи, откако добил известување од Министерството за труд и социјална политика за законска одредба за мирно решавање на спорот со медијација.

– Ќе мора да постапиме согласно закон и штрајкот да го ставиме во мирување. Тоа значи дека одлуката за влегување во генерален штрајк ја ставаме во мирување сè  додека не се реши спорот. Убедени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот. Доколку не се усогласиме со ставовите со ресорното Министерство за образование и наука, штрајкот повторно ќе биде активиран. Се надевам дека до тоа нема да дојде, рече Неделков минатиот четврток.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?