ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.02.2023
Места во Македонија вредни за посета за оние кои сакаат да (се) сликаат

Кога последен пат сте посетиле интересни и несекојдневни места и не сте направиле слика? Не се сеќавате нели?  Затоа ние сме тука со нови идеи за прекрасни фотографии.

За да се одлучиме кои места да ви ги предложиме ни помогна Оливер Настески, фотограф кој што професионално се занимава со оваа професија од 2017 година.

„Своето слободно време го користам за да најдам нови локации каде што ќе можам да ги реализирам идеите преку фотографија и да покажам дека овде постојат многу убави места.“, вели Оливер.

Според Оливер, места кои треба да ги посетите во Македонија се:

Суводол Камник

Суводол Камник се наоѓа меѓу село Голем Габер и Оџалија. Убавината на овој Кањон е неопишлива со зборови, но е дефинитивно едно од најубавите речни корита во Македонија. За да стигнете до Суводол Камник треба да поминете низ село Радање, во околината на Штип. Почетокот на кањонот се гледа по поминување на неасфалтираниот пат, а доколку сакате да го видите целиот водотек, тогаш не заборавајте да се наспиете навечер и да земете со себе вода и ужина, бидејќи ве чека многу пешачење.

Јакупица

Едно од моите омилена места е на Јакупица во близина на воената база. До Нежилово може да се пристигне со кола. За да пристигнете до базата ве советувам да преспиете во домот Чеплез кој што ќе го видите по 11км. Следниот ден ве очекуваат околу 3 часа пешачење за да се стигне до крајната цел. Целата патека е одбележана.

Водопад Старо Гратче

Водопадот Старо Гратче се наоѓа во близина на Кочанско езеро. Овде имате само еден километар пешачење што верувам дека многумина ќе ја одберат оваа локација за сликање на прекрасни слики. Последниот километар кој што треба да го испешачите ќе ви ја покаже и другата страна на езерото. Сепак доколку ја оставите оваа дестинација за во лето, не заборавајте крем за заштита од комарци.


Места во Македонија до кои се стигнува само по вода!


За авантуристите кои што сакаат малку поинаков одмор, тогаш ги препорачуваме овие три места. Суводол Камник ќе ви даде многу можности за истражување, на Јакупица ќе почувствувате дека сте го освоиле врвот, а во Старо Градче ќе се одморите и побегнете од секојдневието.

 

Фотографиите се приватна архива на Оливер Настески.

Најчитаните текстови на ГОЦЕ.МК за 2023 година
Во која држава од регионот се пие најмногу пиво?