ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.03.2022
Микроблејдинг – нов тренд за веѓи

Трендовите на веѓите доаѓаат и си одат, но оваа микроблејдинг процедура за веѓи можеби е тука за да остане подолго.

Има луѓе кои нема да излезат од дома ако не им се средени веѓите или ќе избегнуваат одредени активности како ден на плажа или нешто што ќе предизвика потење или бришење на веѓите. Но, по микроблејдинг можат да одат на базен, јога или што и да е.

Ова може да биде толку практично затоа што го менува начинот на кој луѓето се чувствуваат за својот имиџ.

Ова е исклучително популарно во други земји и сега станува популарно и кај нас

Микроблејдинг е техника на тетоважа која ги исполнува или ги преобликува со цртање на ситни линии кои изгледаат како поединечни влакна.

Знаеме што мислите: тетовирани веѓи? Нема шанси. Но, слушнете. Микроблејдинг остава веѓите да изгледаат природно, а не страшно, вели Џен Тербан-Хертел, косопственик на ,,East Side Ink’’, салонот за тетовирање промовиран од славните личности во Њујорк.

Кара Делевињ

Микроблејдинг се прави со рачна алатка која изгледа како X-ACTO нож (скалпел) направен од игли, што става пигмент во кожата, но не оди толку длабоко како нормална тетоважа. Поради тоа тие се полу-трајни и треба да траат помеѓу една и три години.

Оваа техника создава многу природни веѓи со тетоважата „Пелето“ навистина е реално. Ефектот на влакното е обезбеден со техниката, но и со талентот на оние кои го изведуваат третманот, кои мора да бидат многу искусни.

Убавината боли

Што се однесува до тоа дали е болна оваа процедура, болката е исто така многу субјективна работа поврзана со типот на кожата и индивидуалната чувствителност на оние кои се подложени на третманот. Некои луѓе се чини дека чувствуваат малку непријатност, додека за други може да биде доста болно. Токму поради оваа причина, многу професионалци претпочитаат да користат анестетици, во форма на маст, да се намали чувствителноста на кожата и целосно да се елиминира болката.

Убавината е скапа

Треба да знаете дека микроблејдингот е поскап од цртањето на веѓите секое утро. Подгответе се да потрошите најмалку од 300 до 1000 евра, во зависност од услугата. Секогаш е добро да се биде претпазлив за прениските трошоци. Ако изберете да се подложите на третман за тетоважа во боја на веѓите, без оглед на техниката што ќе ја изберете, секогаш потпирајте се на специјализиран центар и на искусни и добро познати професионалци.

Постапката е сè уште релативно нова, но стилистите и професионалците на оваа процедура со микроблејдингот веруваат дека ова ќе стане „лудост“. И ако следите некои љубители на убавината на Инстаграм или некако веќе сте налетале на хаштагот  #microblading, можеби и веќе ,,лудоста’’ започнала.

 

 

Нов моден тренд – облечете се како вашите дедовци
За патување и било потребно накит – си направила сама и од тоа произлегло бизнис