ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.03.2023
Млада жена претприемач од Штип: Се одлучив на 22 години да започнам свој бизнис и никогаш не очекував да порасне толку многу

Бисера Ушинова важи за една од најдобрите студентки кои дипломирале на насоката Германски јазик и книжевност на Филолошкиот Факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Денес таа е успешна бизнис жена и сопственик и директор на компанија во Штип и Скопје. Нејзината фирма денес работи како Агенција за вработување, Центар за странски јазици и онлајн учење, организација на Work&Travel програми за студенти во Германија, Биро за судски преводи.

За студентите и идните колеги таа препорачува да веруваат во себе и да се опкружат со позитивни луѓе кои ќе ги мотивираат да постигнат повеќе. Упорноста, истрајноста и снаодливоста, како и брзата реакција во стресни ситуации и постојаното себе-надоградување според Ушинова се најдобрите пријатели на патот кон успехот.

Bisera Usinova Бисера Ушинова

Бисера Ушинова

Бизнисот го започнала на 22 годишна возраст

Љубовта која ја имала кон германскиот јазик, ја поттикнала Ушинова да започне со држење на часови по германски јазик во нејзниот дом уште во третата година од студиите за мал број клиенти кои подоцна прераснале во голем број на клиентела и отварање на сопствена канцеларија. Како бизнис жена која доминирала во претприемништвото уште на 22 годишна возраст, предизвици имало многу.

Само 4% од бизнисот во Македонија го водат жени – може ли ова да се промени?

„Предизвик беше сѐ околу водењето на компанијата. Имав голема желба за работа и успех, но искрено и сама не очекував дека мојот бизнис ќе порасне до овој степен за денес да биде препознатлив бренд за мојот град Штип. Веќе две имам свои канцеларии и во Скопје, па самото проширување беше голем предизвик за целиот мој тим. Мило ми е што сум препознаена и од заедницата на бизнис жени и бев номинирана за најдобра жена претприемач за Југоисточен регион.“, вели Ушинова.

Ушинова е и првата Македонка која добила стипендија за Универзитет во Баварија

Искуството кое го стекнала додека посетувала настава и пракса во летниот Универзитет во Бајроит, Бавариа, каде била и  прва Македонка која успеала да добие стипендија за студирање, Ушинова го искористила за помагање на сите заинтересирани студенти да аплицираат за оваа стипендија и да ја добијат истата можност.

Во поглед на студиите на УГД, Ушинова вели дека имала среќа да учи од врвен и реномиран кадар кој ја мотивирал да се надоградува, а издвојува и три Професорки за кои смета дека ѝ го покажале патот кон кариерата.

Емилија Андонова: Жените може да се носат со секој бизнис многу подобро од мажите

„Би ги издвоила Проф. др. Билјана Ивановска, како мој ментор за дипломска и магистерска работа која несебично го споделува целото свое знаење за германскиот јазик и граматика и е моја поддршка за секој мој научно-истражувачки проект. Потоа, Проф. Д-р.Даринка Маролова која е најдобра во делот за конференциско толкување и преведување. Ние, студентите, имавме можност да работиме и толкуваме во современо опремени кабини, што ме оспособи да имам уште една професија –судски преведувач за германски јазик, со лиценца добиена од Министерство за правда. И секако нашата Професор и Декан д-р.Драгана Кузмановска е пример како треба еден професор да предава, да се однесува, несебично да го пренесе своето знаење и да помогне секогаш кога е во можност.“, вели Ушинова.

Внимателниот избор на кариера е од суштинско знање

На сите млади и студенти, Ушинова советува внимателно да ја изберат својата кариера и својот правец во животот. Љубовта и желбата кон професијата значително би го олесниле патот кон успехот.

„Изберете професија која ја сакате и ве исполнува, вложете се максимално за да се  надоградите и успеете  во вашите идеи и цели. Ако некоја работа е лесна, секој би можел да ја направи. Бидете иновативни и свои, не одете по туѓите чекори бидејќи нема да оставите трага.“, вели Ушинова.

Резултати од конкурс за 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка
Колку чини студирањето и дали евтино образование значи повеќе образовани?