
Младинскиот центар во Штип е реализиран проект од страна на Фондација за развој на локална заедница-Штип (ФРЛЗ) и претставува место каде се нудат разни активности за младите. Од културно-едукативни работилници до концерти, настани и друштвени игри, младите може да бираат активности од различни области на уметност, технологија,музика и бизнис.
Новата сезона на реализација на овие проекти ќе започне во септември, а на младите ќе им бидат достапни варијации на настани.
„Културните активности би вклучуваат музички работилници, часови по инструменти, ликовна уметност и драмски клубови, овозможувајќи младите да ја изразат својата креативност. Спортските активности можат да вклучуваат спортови, како пин понг, јога, фитнес. Младите би можеле да се вклучат и во волонтерски акции и хуманитарни активности, претставувајќи поттик на заедницата за и таа да се вклучи во позитивни промени. Центарот има за цел да понуди и програми за личен развој, менторство и поддршка за ментално здравје, кариерни советувања со ProfiPASS методологијата.“, велат од Младинскиот центар.
Што ветија победниците на овие избори за младите и студентите?
Иако моментално настаните се планирани од ФРЛЗ, идејата е младите сами да бидат организатори на настани и идеи. Ова може да го направат преку контактирање со Младинскиот центар на нивниот Инстаграм профил.
Покрај учеството во разни активности, она што е важно и што се нуди е можноста за вмрежување на младите, формирање на социјални конекции и учење на нови вештини и практики.
Како некои од досегашните активности на активните волонтери во Младинска банка се поставувањето на клупи во Суитлакот, создавање на сензорна соба во ООУ „Тошо Арсов“ која има за цел да им помогне на учениците со посебни потреби во нивниот развој и образование. Останатите активности се поставување на памп трака, подобрување на условите на тениските игралишта, оппремување на Музичкото средно учикиште со инструменти, како и давање на активна поддршка на хип-хоп фестивалот „Од А до Штип“ и детските трки.
Овие активности не само што ги подобруваат условите во заедницата, туку и ги мотивираат младите да бидат активни и да придонесуваат во нивното општество.
Сите конкурси и активности се објавени на инстраграм профилот или на веб-страната на Младинскиот центар, а можност за учество имаат сите млади.