ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.05.2023
Младите речиси ги нема во локалните буџети

Истражувањата покажуваат дека дури две третини од младите никогаш не биле вклучени или воопшто консултирани од страна на институциите, а дури 8 од 10 млади сметаат дека властите делумно или воопшто не се грижат за потребите на младите, ваква е ситуацијата при креирање на буџетите на општините и истото се пресликува и во самите буџети, вели Мариана Ангелова, генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

НМСМ заедно со уште неколку невладини организации ги поттикнуваат младите да прашуваат и да се активираат во своите локални средини за средствата кои по закон ги следуваат младите. Неодамна имаа и кампања на социјалните мрежи каде ги информираа младите за нивните законски можности.  Согласно Законот за младинско учество и младински политики, секоја општина е должна да издвои 0.1% од својот Буџет за активности за млади.

Обратете до службеникот за млади во Вашата општина и прашајте што планира општината во поглед на активности за млади за 2023 година. Слободно доставете им и препорака! Така, директно ќе влијаете во креирањето на младински политики во Вашата локална заедница и ќе ја зголемите транспарентноста на општината спрема младите, велат од Националниот младински совет на Македонија во повикот до младите.

Оваа инцијатива е во рамките на проектот „Заедници инклузивни за млади“ кој е финансиран од Европската Унија, а партнери се Фондацијата за развој на локалната заедница  – Штип и Youth Empowerment Platform – YEP. Станува збор за проект кој работи на локално младинско учество преку вклучување на младинскиот сектор во искористување на постојните механизми за учество во локалните политики.

За жал поради тоа што не постои посебна буџетска ставка за млади не е возможно да се утврди дали општините го издвојуваат законски пропишаниот минимум. Самиот Закон предвидува и неколку механизми кој би требало да го олесни пристапот на младите до институциите и да гарантира нивна поголема вклученост, а ние како организација постојано работиме на информирање на младите за овие можности и нивно поттикнување активно да се вклучат и да бараат отчетност од институциите, вели Ангелова.

Матурата е за славење – МВР со апел да прославите без автомобил, алкохол и дрога
Новото знаме на Република Северна