ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.10.2025
Младите во битката за градоначалници – најмладиот со само 23 години

Каде се младите на листите за кандидати за градоначалници на Локалните избори 2025?

Најмладиот кандидат за градоначалник на изборите во недела има 23 години, по него следуваат двајца со по 28 години и еден со 29.

На младите останува светот, често пати така сакаме да кажеме. Но колку навистина ги има младите во битката за позициите кои носат одлуки? Во случајов, на градоначалничката функција, која има ингеренции да носи одлуки за животот во средините во кои живеат и младите.

На Локалните избори 2025 во трката за градоначалници во 80-те општини се влезени вкупно 316 кандидати. Од нив, ако како некоја граница за млади ја земеме 40 години (можеби дискутабилно, но…), вкупно 61 се под таа возрасна граница. Тоа значи дека само 19 проценти од сите кандидати за градоначалници се под 40 години.

Ако пак одиме со една друга граница, на пример под 35 години, тогаш процентот е уште понизок – нешто помалку од 6 проценти. Тоа се вкупно 18 кандидати за градоначалничката фотеља.

Што ветија победниците на овие избори за младите и студентите?

Апсолутниот рекордер по младост е кандидат со само 23 години, а тука се и двајца со -0 28 и еден со 29.

Интересно е дека и во оваа категорија, млади под 40 години, жените се во загрижувачко малцинство – само 5, со „младост“ од 32, 33, 37 и две по 39 години.

Има неколку општини каде доминираат млади – во Аеродорм, Долнени, Ранковце и Сарај по тројца кандидати под 40 години, во Штип и Делчево и двата кандидати се во таа категорија.

Лолита Спирова: Исхраната не е тренд, зад неа стои стручен и научно поткрепен пристап
Кочани ќе одбележи една година од големата трагедија