ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.11.2022
МОН со контрадикторни услови за студентскиот оброк
Автор: Goce Author

По најавите за измени во условите и сумата на студентскиот оброк, Министерството за образование денес излезе со предлог кој е контрадикторен. Истиот наиде на моментален револт кај студентите. Во предлогот стои сумата на оброкот да се покачи од 120 на 140ден., но со тоа да се придодаде и на условите кои студентите треба да ги исполнат.


Меѓу минатогодишните услови кои гласеа студентите :

  • да не биде во редовен работен однос;
  • да не се регистрирани како индивидуални земјоделци;
  • да немаат месечен приход поголем од минималната плата;

Се додадоа и неколку услови кои според реалноста се невозможни.

Условите гласат, студентите :

  •  Не се корисници на стипендија по било кој основ;
  •  Не се стекнале со статус „апсолвент;
  • Кои до 18 години биле без родители и родителска грижа,студентите кои се  категоризирани како лица со посебни потреби;
  • студенти-деца на самохран родител;
  • студенти-деца на корисници на социјална помош и
  • студенти-деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок, за кои вкупните приходи во семејството се под нето минимална плата утврдена во РСМ.

Студентите (освен за студентите од прва година студии) кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на високо образовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испити помалку од вкупниот предвиден број на испити.

Ваквите услови наидоа на голем револт меѓу студентите, а на некои факултети
се шпекулира и за простети пред МОН.

Денес (12.11) една од пратеничките Моника Зајкова, која го предложи овој закон напиша на својата Фејсбук страна дека истиот се повлекува и ги повикува претставниците на Универзитетските студентски собранија на итна средба во Собранието на Република Северна Македонија во понеделник (14ти ноември) во 16.30 часот, сите заедно со министерот Шаќири.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026