ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.04.2024
Можете ли да ги победите во шах професорите од Факултетот за медицински науки?

Проф. д-р. Страхил Газепов и проф. д-р. Вело Маркоски, професори на Факѕлтетот за медицински науки на УГД и студентите од медицина беа дел од турнирот за шах организиран од Лекарската комора на Македонија кој се одржа неодамна во Штип. Двајцата професори учествуваа на турнирот, а играа против останати лекари, но и студенти по медицина.

Проф. Вело Марковски (лево) и проф. Страхил Газепов

Како лекари во шах?

“Со шах се занимавам уште од мала возраст, додека на турнирите во шах, организирани од страна на Лекарската комора, учествувам уште од втора година на факултет. Тогаш заинтересираноста беше поголема за разлика од сега. Како што можам да приметам, и оваа година сме истите играчи од мое време, но морам да истакнам дека оваа година особено ме радува присуството на младите колеги конкретно од штипскиот универзитет, а се надевам дека во иднина ќе се вклучат и студентите од скопскиот и другите универзитети. ”-вели Марковски.

Шахот е стратешка игра, но двајцата професори гледаат поврзаност на шахот со медицината.

“Видете, шахот и медицината се тесно поврзани. И во двете области мораш да донесеш брзи и ефективни одлуки, што ние како доктори, на некој начин сме навикнати да носиме брзи одлуки, па не ни е тешко да се справиме во шахот.”-додаде Газепов.

Шахот развива многу аспекти на човековиот живот. Некои дури сметаат дека треба да се изучува во редовното образование.

“Сметам дека можеби шахот треба да се воведе како факултативна опција во основните и средните училишта, за да можат учениците преку играње шах да ги подобрат своите интелектуални можности, но не како предмет кој ќе се оценува, кој ќе биде наметнат на учениците, туку да биде вметнат во рамките на физичкото образование, сметам дека секој спорт помага на човечкото тело за подобар развој, било да е тоа физички или интелектуален развој.”-истакна Газепов.

Шахот е игра, спорт, филозофија и наука во исто време.

“Шахот е игра, спорт, филозофија и наука во исто време. Ретки се ваквите игри каде мозокот треба брзо да работи. Игра, затоа што знае да релаксира доколку играте со љубов, филозофија-затоа што бара размислување, а наука затоа што треба да размислиш ефективно за кратко време. Шахот е навистина добар тренер за умот, треба да се игра што повеќе..”-порача Марковски.

И двајцата професори излегоа со ист став дека на вакви настани треба да присуствуваат што повеќе млади студенти и дипломирани лекари, бидејќи иднината останува во нивни раце, а убаво е да се продолжи одбележувањето на настаните како традиција.

Повик за учество на средношколци на летен воен камп во Црна Гора
Почнува 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024