ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.04.2024
МЗ: По средбата со приватните специјализанти, извештај е доставен до Влада
Автор: Goce Author

По средбата со приватните специјализанти, изготвен е извештај и доставен до Владата. На некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период, информираат попладнево од Министерството за здравство.

– Министерството за здравство секогаш ќе се залага за подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, вклучително и на приватните специјализанти, кои се важни во здравствениот систем. Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти, пишува во соопштението.

Во изминативе години, се додава во соопштението, платите на здравствените работници се покачија неколкупати и им се подобрија условите за работа. Со истиот пристап, нагласуваат од Министерството за здравство, ќе им се помогне и на приватните специјализанти.

Приватни специјализанти денеска најавија генерален штрајк од понеделник. Во денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања.

Повик за учество на средношколци на летен воен камп во Црна Гора
Можете ли да ги победите во шах професорите од Факултетот за медицински науки?