
На светските берзи вредноста на доларот во однос на останатите валути се зголеми минатата недела, вторпат по ред, додека курсот на еврото е под еден долар бидејќи американските Федерални Резерви имаат повеќе простор да ги зголемат каматните стапки во однос на другите централни банки.

Photo by Ibrahim Boran on Unsplash
Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,7 отсто, на околу 108,78 поени, блиску до највисокото ниво во последните 20 години од 109,29 поени.
Во исто време, доларот зајакна за 0,7 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 0,9963 долари, недалеку од најниското ниво во последните 20 години, пишува See Biz.
Како неколку лоши одлуки му уништиле богатство од 170 милиони долари на Борис Бекер?
Курсот на доларот порасна и во однос на јапонската валута, за 0,3 отсто, на 137,40 јени.
Зајакнувањето на доларот најмногу се должи на скокот во петокот по говорот на претседателот на американската ФЕД(Федерални резерви), Џером Пауел, на конференцијата на централните банкари во Џексон Хол.
Цела недела, цената на доларот осцилираше поради шпекулациите дали Пауел ќе остане остар или ќе ја олесни својата реторика за каматните стапки и инфлацијата, имајќи предвид дека економскиот раст на САД забавува некое време, при што инфлацијата благо се покачи од највисоките нивоа во повеќе од 40 години.
Но, Пауел задржа цврст став во петокот и рече дека на економијата извесно време и треба цврста монетарна политика со цел да се стави инфлацијата под контрола.
А тоа, рече, значи побавен економски раст, послаб пазар на труд и „нешто што ги боли“ граѓаните и компаниите. Тој посочи и дека нема брз лек против поскапувањето.
ФЕД ги зголеми каматните стапки за 2,25 процентни поени од март, а Пауел во петокот не посочи колку ФЕД може да ги зголеми каматните стапки на состанокот во септември.
Според проценките на пазарот на пари, има околу 40 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени во септември, а околу 60 отсто шанси да ги зголеми каматните стапки за 0,75 процентни поени.
Европската централна банка (ЕЦБ) наскоро повторно ќе ги зголеми каматните стапки, имајќи предвид дека инфлацијата во еврозоната во јули достигна ново рекордно ниво од 8,9 отсто.
Иако и ЕЦБ и ФЕД наскоро повторно ќе ги зголемат каматните стапки, еврото минатата недела беше под еден долар.