ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.12.2023
Најчитаните текстови на ГОЦЕ.МК за 2023 година

Измина уште една година исполнета со низа предизвици и проблеми. Гоце.мк и оваа година беше платформа која им даваше простор на младите и на студентите за нивно слободно изразување, а воедно и беше информатор и едукатор за сите млади луѓе.

На крајот на годината ги сумираме бројките и анализираме што беше најинтересно за нашата публика.

Топ 5 најчитани текстови:


  1. Млада жена претприемач од Штип: Се одлучив на 22 години да започнам свој бизнис и никогаш не очекував да порасне толку многу

На петата позиција е приказната за млада жена претприемач од Штип. Целта на оваа приказна е да се поттикнат младите претприемачи, да ги препознаеме во општеството, да ги поддржиме и да им дадеме признание. Бисера Ушинова е една таква млада жена, чија приказна годинава завршува на петата позиција најчитана на ГОЦЕ.МК.


  1. Стефан – еден од најдобрите студенти на медицина: Неуспехот е само дел од процесот за стекнување на знаење

На четвртата позиција најчитана приказна е уште една лична приказна за личен успех. Личните успеси на овие млади луѓе ги доживуваме како успеси на целото општество и затоа многу често се споделуваат со радост. Стефан Коцев е млад лекар и еден од најдобрите студенти на медицина, потсетете се на неговата приказна.


  1. Најдобрата ракија во светот ја прави штипјанец кој работи во Србија

На третата позиција една невообичаено интересна приказна. Оваа приказна, за Александар Рунчев и ракијата која тој ја подготвува, одекна на национално ниво и беше пренесена од многу медиуми. Потсетете се за што станува збор.


  1. Последен академски час на студентите од Општа медицина 2018/19

На втората позиција не е лична приказна, но е приказна за цела една генерација. Студентите по медицина за нас секогаш се инспирација затоа што меѓу нив постои една посебна хемија и особена близина. Ова е фото и видео приказна која одбележа историја на една генерација.


  1. Најдобриот студент на Факултетот за медицински науки на УГД планира да остане и да работи во Македонија

И најчитаната приказна на ГОЦЕ.МК е повторно за студент на медицински науки кој покажува пример и желба да остане и да живее во Македонија. Иселувањето е голем проблем во Македонија, а ваквите студенти и низата други приказни споменати погоре се пример дека успех може да се случи и во Македонија.


Од мое име и од име на целиот тим на ГОЦЕ.МК –  Тони Михаилов, Александар Максимов, Дијана Насева, Ирена Жежова, Даница Среткоска, Розита Ракиќ и Надја Шопова ви посакуваме среќни празници.

Да се читаме догодина со уште многу интересни и инспиративни приказни. ГОЦЕ.МК ќе продолжи да ја врши функцијата на отворена платформа за младите луѓе и нивните животни стории.

Среќни празници!

Игор Стојанов

Главен и одговорен уредник на Гоце.мк

Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?
Дебатата како уметност на слушање: Кога убедувањето прераснува во наметнување