ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.12.2022
Најдобрата студентка Марија Грујоска го споделува својот рецепт за успех

Марија Грујоска е дипломиран инженер по минерална технологија на Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. Моментално работи како  раководител на смена, во приватна фабрика за преработка и обработка на мермер и гранит „КРИН КГ’’ Прилеп.

Марија Грујоска

Како нејзино животно мото кое ја водело низ студентски денови, Марија го издвојува:

„Патот до врвот никогаш не е лесен, но погледот од таму е поубав“

Грујоска ги открива и своите амбиции кои ја поттикнале да се определи на оваа насока.

„Одлучив да студирам на овој факултет бидејќи  инженерите во рударството се дефицитарен кадар. Можноста за полесно добивање на работна позиција беше клучна алатка  во изборот. Предноста да се студира на УГД е богата програма  со  насоки, на кои студентите би имале можност за напредок, одлична комуникација со професорите,  стручен и квалитетен кадар.“, вели Грујоска.

Таа истакна дека најмногу во текот на студиите и помогнала соработката со професорите, достапноста на стручни материјали, и секако поддршката од нејзиното семејство.

Рецепт за успех на Марија Грујоска – посветеност, трудољубивост, одговорност, сериозност кон работата и обврските

Од што се состои нејзиниот рецепт за успех?

„Мојот рецепт за успех се состои од; посветеност, трудољубивост, одговорност, сериозност кон работата и обврските“, вели Грујоска, а како најголем предизвик со кој се соочила ја истакнува соработката со останатите колеги и воспоставување на одлична комуникација.

Ана Михаиловска, најдобрата студентка на Факултетот за природни и технички науки ги открива своите тајни

Со студиите на УГД, Грујоска вели дека два настани засекогаш ќе ги поврзи со нејзините студиски денови.

„Постојат два настани кои ги поврзувам со студирањето на УГД: присуство на стручно советување ПОДЕКС-ПОВЕКС 2019 и доделување на Инженерски Прстен 2021“.

Исто така голем импакт оставиле и зборовите од нејзин професор кои гласат:

„Вие како инжинери  ќе бидете двигатели на општеството и економијата“

Грујоска сподели и свој совет до сите студенти.

„Најпрво борете се за вашиот успех и напредок. Совети за правилно и активно учење, кои мене ми помогнаа се: континуирано совладување на материјалот, отвореност кон нови информации и знаење.“

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите