
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на 22 април 2026 година го носи Отворениот и кариерен ден надвор од факултетите — директно во центарот на градот, на улицата „Ванчо Прке“, попозната како „едносмерна“.
Наместо класичен настан зад универзитетски ѕидови, оваа година факултетите, професорите и компаниите ќе бидат поставени на штандови на отворено, каде што идните студенти ќе можат директно да разговараат со нив.

Актуелните студенти можат да разговараат со компаниите за идната нивна кариера и евентуално вработување.
Настанот започнува во 11:00 часот и ќе биде отворен за средношколци, студенти и сите што размислуваат за својата следна образовна или кариерна насока.
Што ќе се случува на улицата?
Прв дел од денот е посветен на вмрежување меѓу факултети и компании, каде младите ќе можат директно да прашаат сè што ги интересира — од студиски програми до реални работни позиции и пракси.
Потоа следуваат кратки обраќања, а на крајот настанот завршува во поопуштена атмосфера со музика и неформално дружење.
Во текот на целиот ден, посетителите ќе можат да добијат информации за:
Идејата е едноставна: наместо младите да бараат информации по факултети и веб-страници, факултетите и компаниите доаѓаат директно кај нив — на улица, во живо, посочуваат од УГД.
Настанот е отворен за сите заинтересирани.