
Алармантен е бројот на возачи кои возат под дејство на алкохол или со брзина поголема од пропишаната. Зголемувањето на овие изречени мерки, посебно кај брзото возење, се изразува со астрономски 2095 отсто!

Photo by Randy Tarampi on Unsplash
Со оглед на тоа дека статистиката се однесува на преземените мерки од страна на сообраќајната полиција, , што за жал често пати од страна на граѓаните се сфаќа и во негативен контекст (кога не работи полицијата, зошто не работи, кога работи, зошто казнува !).
Патиштата во Македонија станаа голема опасност за животите на учесниците во сообраќајот, независно дали се возачи, патници или пак пешаци. Речиси нема ден да помине без информација за тешка сообраќајка со трагични последици, а случаите на прегазување на пешаци, посебно на улиците во Скопје, зачестија, и за жал се почесто и тие се со кобен исход. Јавноста реагира кпога ќе се случат, но нештата тешко се менуваат – само во Скопје од почетокот на годината, во краток временски период беа загубени неколку човечки животи. Најмногу внимание предизвика сообраќајката кај Сити мол, каде загина девојка од Радовиш, а потоа и уште една сообраќајка, во која судбината сурово си поигра. Судбината сакаше возачот за воланот да биде жена која претходно загуби свое дете во сообраќајка на улица, на пешачки премин.
Дека човечкиот фактор најчесто е причината за сообраќајните несреќи е повеќе од јасно, а тоа се потврдува и со најновата статистика на МВР, објавена пред извесно време. Споредбата на податоците за изречени мерки против учесници во сообраќајот во 2020 и 2021 година покажува алармантни состојби! Посебно загрижува тоа што неверојатно зголемување на изречените мерки има токму кај најспоменуваните причини за загрозување на безбедноста – возење под дејство на алкохол и брзо возење.
Ако во 2020 година за брзо возење обраќај биле казнети 4770, возачи, во 2021 година таа бројка е 22 пати поголема – 104.703! Ова значи дека во 2021 година, побрзо од пропишаната брзина своите возила ги возеле над сто илјади возачи. Ако се земе предвид дека тоа се само оние кои сообраќајната полиција ги „фатила“, јасно е дека бројката е многу поголема.
Зголемување, но не толкаво, има и кај возењето под дејство на алкохол – бројката на „фатени“ пијано виозачи во 2021 година е 3 пати поголема од 2020.Во бројки, лани се санкционирни 10.360 возачи за брзо возење, а во 2020 година таа бројка била 3530.
Навистина алармантни податоци, кои го даваат одговорот на прашањето зошто се губат толку многу животи на патиштата низ Македонија. Зголемената активност на сообраќајната полиција секако резултира со овие бројки, само прашање е како ќе влијаат на возачите? Дали ќе се зголеми сообраќајната култура со почестите контроли, кога веќе не се зголемува со едукација и со апели?
Ако во извештајот се бараат светли точки, тоа е секако фактот дека бројот на жртви последните години е во пад. Најмногу жртви имало во 2013 – вкупно 198, по што следува период на пад. Во 202 година имало 125 жртви, а во 2021 111.